Најдобрите празнични филмови на сите времиња, според IMDb

Покрај Home Alone кој традиционално се наоѓа на сите вакви листи, кои се другите најдобри празнични филмови на сите времиња, според IMDb?

najdobrite-praznichni-filmovi-na-site-vreminja-spored-imdb-01.jpg

Ако ја поминувате Нова година во домашна атмосфера, можеби една од активностите ќе ви биде и гледање празничен филм (или неколку).

Од IMDb споделија листа со 10-те најдобри празнични филмови на сите времиња, рангирани според оценките од гледачите, но и според гледаноста и популарноста.

Кои филмови се најдоа на листата?

Gemlins

  • Оцена: 7.3

Ако сте пораснале во 1990-тите и раните 2000-ти, сигурни сме дека се сеќавате на Gremlins – филм кој редовно се емитуваше и на нашите телевизии во празничната сезона.

Дејството се фокусира околу чудни суштества, познати како Гремлини.

Иако изгледаат слатко, оние кои се грижат за нив треба да следат три важни правила. Во спротивно, Гремлините се претвораат во страшни мали чудовишта.

Elf

  • Оцена: 7.1

Забавен празничен филм во кој главниот лик е „џуџе“ односно работник во фабриката на Дедо Мраз.

Единствената разлика е што овој работник воопшто не е џуџе (или елф), туку човек.

Па, одлучува да го напушти домот на Дедо Мраз за да го најде својот вистински татко.

Miracle on 34th Street

  • Оцена: 7.8

Станува збор за мошне стар филм, снимен пред речиси 60 години, но кој уште завршува на листите на најдобри филмови.

Главниот лик е девојче – Сузан – која со нејзината мајка и помош од адвокат пробува да спаси маж од затворање во институција.

Но, за да го направат тоа, треба да докажат дека тој е вистинскиот Дедо Мраз.

A Christmas Story

  • Оцена: 7.9

Уште еден постар филм кој е популарен со децении.

Дејството е сместено во 1940-тите, а главниот лик е детенце кое пробува да ги убеди сите да го добие подарокот за кој отсекогаш сонувал.

National Lampoon’s Christmas Vacation

  • Оцена: 7.5

Главните ликови се членовите на семејство кои само сакаат да имаат совршен Божиќ.

Но, секако, скоро ништо не оди по план и целата празнична сезона се претвора во огромна катастрофа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg