Филмски викенд: 10 Новогодишни филмови

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-povekjeНајлудата ноќ е пред нас. Се надевам дека ќе ја поминете среќно и со луѓето што ги сакате. Денес ви подготвивме поголема листа од филмови...


...бидејки пред нас е период за прославување.

За некои почнува распуст или сесија, а некои ќе го искористат само тој еден неработен ден, па ако имате слободно време и сакате на некој начин да си ја продолжите новогодишната еуфорија продолжете да читате.

Ви предлагаме 10 филмови од сите жанрови кои имаат допирни точки со тој 31-ви ден, од 12-от месец во годината.

Оставаме на вас да си одбере филм, место и време кога ќе уживате.


Entrapment (1999)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-1

Сите го знаеме филмот поради една секси сцена каде што Кетрин Зета Џонс се лизга по паркетот обидувајки се да ги избегне ласерите. 

Но, ајде одпочеток, таз е осигурителна агентка која е специјалист за украдена уметност се вплеткува со познат крадец, Шон Конери, и ќе соработуваат заедно на новогодшната ноќ.

Еден од оние филмови кои ве држат во неизвесност, кога незнаете кој е добриот, а кој лош, и што ве тера да погодувате како ќе заврши филмот.


200 Cigarettes (1999)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-2

Иако нема добри критики ова е мојот омилен филм.

Еден куп дваесет-и-кусур-годишни момци и девојки, одглумени од сега веќе популарните Бен Афлек, Кејт Хадсон, Кристина Ричи, Кејси Афлек, Никол Паркер, Дејв Шапел, Кортни Лов итн... сите се во Њујорк и се спремат да ја дочекаат новата година.

Супер дијалози, и прекрасна приказна. И Њујорк во најубавата вечер од годината.


Better Luck Tomorrow (2002)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-3

Ако мислите дека сте биле на најужасната новогодишна забава, се лажете. 

Бидете среќни што не се нашле на крвава тепачка како што е во овој филм. Скоро непознат филм, и покрај одличните критики.

Се зборува за азијатски средношколци, кои живеат во предградие, и не прават ништо интересно и само учат.

Поради сплет на околности, се вмешуваат во светот на дрогата, криминалот, насилството, љубомората... Позната приказна, но многу добро изведена.


About a Boy (2002)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-4

Признавам дека не е типичен новогодишен филм, но сепак на тој празник Вил (глумен од Хју Грант) ќе ја запознае Рејчел (глумена од Рејчел Вајс) и ќе се заљуби преку уши. 

Тука почнува да ја надраснува фазата на незаинтересирано денгубење и ќе порасне во вистински одговорен возрасен човек.

Има доволно новогодишно расположение да се најде на оваа листа.


End of Days (1999)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-5

Пред да дојде 2000 имаше мала паника во светот, што со Y2K, што со фактот дека луѓето стануваат многу суеверни на секои 100 години.

Тука го имаме Шварци, пензиониран цајкан, кој успева да ја спаси девојката која е бркана од Сатаната кој има желба да ја затрудни на новогодишната ноќ, 1999 година.

Нема да ве потреси или да ве расплака, ќе ве забавува просечно некои 2 саати.


When Harry Met Sally... (1989)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-6

Класика од осумдесетите. Култен филм, сам по себе, но има и новогодишни моменти.

Повеќето можеби го имате гледано, но ова е првиот филм кој толку успешно ја расправа темата „Дали постои пријателство меѓу маж и жена“.

Сали и Хери се добри пријатели, но несакаат да го расипат пријателството и затоа никогаш не пробале да бидат пар.

Новогодишната ноќ е моментот кога некои работи ќе станат појасни.


In Search of a Midnight Kiss (2007)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-7

Филмот изненадува со својата едноставна приказна, ќе успее да насози очи и да ве натера да се смеете. 

Прекрасна мала црно-бела романтична комедија. Вилсон е сам за нова година, и решава да постира на интернет и да си најде девојка на таа вечер.

На огласот ќе му одговори Вивиен, која е во потрага по дечкото со кој ќе биде на полноќ.

Оставам на вас да гледате понатаму.


New Year's Eve (2011)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-8

Ако веќе сте го гледале Valentine's Day можете да очекувате сличен развој на филмов. 

Мнооогу познати глумци, многу испреплетени приказни, сите се со една цел, да ја дочекаат новата година со саканите.

Освен да се видат сите глумци на едно место, некако немав желба да го гледам, но налет мора да се гледа филм во кој глуми Ештон Качер.



Strange Days (1995)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-9

Преминувањето во нов милениум беше голема работа, и ни донесе цел бран на постапокалиптични филмови.

Меѓу нив Strange Days, трилер-акција, со Ралф Фајнс како бифш полицаец и моментален лузер, налетува на диск кој содржи снимки што можат да го срушат целото општество.

Со секоја минута поблиску до новата година се распреткува мистеријата.

Иако звучи тотално предвидливо, филмот е доста добар и забавен.


Bridget Jones's Diary (2001)

filmski-vikend-novogodisni-filmovi-10

И како за крај да се потсетиме како одат тие новогодишни ветувања: Ќе дипломирам! Нема да пушам цигари! Ќе ослабам 10 кила! итн... 

Така почнува и овој филм, кој на сите ви е познат, но си го заслужува местото на оваа листа.

Рене Зелвегер, Хју Грант и Колин Фирт се доволно добра комбинација за пост новогодишно седење по дома.

Среќна нова и се читаме наредната недела со божиќни филмови!

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

„Beckham“ и уште 10 популарни документарци на Нетфликс кои треба да ги изгледате Документарецот на Бекамови открива бројни детали од животот на познатото семејст...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 (биографски) филмови за значајни научници, како Oppenheimer Radioactive за Марија Кири, но и The Theory of Everything за Стивен Хокинг се са...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg