10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив

Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмоќниот картел во светот – Неколку забавни мини-серии што ќе ви го исполнат слободното време.

10-po-novi-mini-serii-shto-kje-gi-izgledate-vo-eden-zdiv-01.jpg

Мини-сериите стануваат сè попопуларни бидејќи не треба да им посветите многу време, а и не треба да чекате за нови епизоди или сезони.

Но, поради популарноста, денес има навистина многу мини-серии и некогаш е тешко да изберете што да гледате.

Ако ви треба идеја, сигурно ќе ви се допадне нешто од следниве понови мини-серии:

Griselda

Моментално Griselda e една од најпопуларните серии на Нетфликс, а главната улога ѝ припаѓа на Софија Вергара.

Серијата е инспирирана од животот на Гризледа Бланко, жената која го водела можеби најмоќниот картел во историјата на светот.

Дејството го следи развивањето на бизнисот со кокаин на Гризелда во 1970-тите и 1980-тите во Мајами.

Ted

По двата релативно успешни филма, приказната за мечето играчка сега е и во вид на серија.

Дејството на серијата е сместено во 1993 година, кога главниот лик Џон е средношколец и посакува неговата играчка да оживее.

За разлика од ликовите што ги гледаме во филмовите, Тед и Џон не се толку безобразни, но сепак се соочуваат со непријатни ситуации.

Fellow Travelers

Снимена според истоимената новела на Томас Малон, Fellow Travelers се фокусира на романтичната врска помеѓу двајца мажи.

Дејството опфаќа неколку децении, почнувајќи од 1950-тите, и ја прикажува врската на двајцата мажи, заедно со сите предизвици со коишто се соочуваат.

A Murder at the End of the World

Со Ема Корин во главната улога, A Murder at the End of the World е крими серија што сигурно ќе ѝ се допадне на помладата публика.

Главниот лик Дерби е хакер кој е поканет во домот на милијардер заедно со уште осум други гости.

Кога еден од гостите е пронајден мртов, останатите треба да ја решат мистеријата.

Scavengers Reign

Анимирана серија која ќе им се допадне и на возрасните, особено љубителите на научната фантастика.

Главните ликови се екипаж чиј вселенски брод „заглавува“ на навистина убава, но и мошне опасна планета.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg