Филмски викенд: Научно фантастични акции

filmski-vikend-naucno-fantasticni-akcii-povekjeЗа овој викенд ви приготвивме три филмови со приказни за алтернативни светови. Комбинација на жанрови, научна фантастика со акција.


Не ветувам дека филмовите се кандидати за Оскар, но се интересни и може да си правите "што-би-било-ако-живеевме-во-тој-свет" муабети послегледањето на некој од овие предлози.

Можете да одберете меѓу Џастин Тимберлејк и времето како валута, или тинејџерска љубовна приказна со вонземјани, или вампири.

Уживајте во овој филмски викенд!


In Time (2011)

filmski-vikend-naucno-fantasticni-akcii-1

Според мене, овој филм, ја има една од најинтересните идеи за футуристична иднина. Времето е пари, во вистинска смисла на зборот.

Имено, во далечна иднина, преку генетска модификација луѓето престануваат да стареат после 25 година, и непостојат пари, туку се тргува со време.

Сè што ќе заработиш ти го продолжува животот, ако банкротираш... умираш.

И како во секоја приказна, богатите можат да живеат вечно, засекогаш заглавени во 25тата година, а сиромашните да работат од ден за ден.

Еден од нив е и Вил, што случајно доаѓа до мноогу време, а тоа ќе повлече низа настани што ќе го сменат начинот на кој се живее.

Треба да се напомене дека Вил е глумен од Џастин Тимбејлејк, и супер си ја одработи работата.

Да имаше малку покул камера и понеочекуван пресврт на настаните дефинитивно ќе станеше култен филм.

Сега за сега филмов е само одлична научно фантастична акција зачинета со малце романса, и дава основа за интересни мубети после гледањето.

Режија: Andrew Niccol
Глума: Justin Timberlake (Вил), Amanda Seyfried (девојката на Вил)


I Am Number Four (2011)

filmski-vikend-naucno-fantasticni-akcii-3

Оваа научна фантастика е повеќе наменета за помладите тинејџери.

Приказната започнува како тоа вонземјаните скриле на планетата Земја девет свои потомци со супер моќи, и тие девет вонземјани можеби се последните од својата раса.

Но, растат во бегство и постојано се кријат, затоа што има интергалактички ловци пратени да ги убијат.

Единствената финта е дека децата мора да бидат убиени по ред. Првите три се веќе убиени. Следен на листата за убивање е бројот 4, или како што ние ќе го знаеме Џон Смит.

Тој е несреќен бидејки нема постојан дом, ни пријатели. Но, кога се преселува во едно мало гратче, тој ги открива своите супер моќи и се заљубува.

За да стане интересно се појавуваат и лошите вонземјани. Не очекувајте премногу, приказната е клише и ефектите се просечни, но е добар начин да тепате 2 саати.

Можеби љубителите на книги би ги интересирало дека филмот е направен според истоимена книга, која има подобри критики од филмот.

Режија: D.J. Caruso
Глума: Alex Pettyfer (Број 4) ,Timothy Olyphant (чуварот), Dianna Agron (девојката)


Priest (2011)

filmski-vikend-naucno-fantasticni-akcii-3

Во денешно време е забрането да се зборува за научна фантастика, а да се испушти филм со вампири.

Овој филм е сместен во пост-апокалиптичен свет што е уништен од многуте војни помеѓу луѓето и вампирите.

Црквата ја организира борбата против вампирите, има посебна група на свештениците кои не се само длабоки верници, туку се и наопасни воини.

Со изградбата на големите зидови околу градовите, се воспоставила некаква лажна сигурност и војните биле прекинати, а свештениците распуштени.

Но, кога ќе стигне збор до Свештеникот дека неговата внука е киднапирана од вампирите тој тргнува во поход.

Дали ќе успее да стигне до неа пред да ја претворат во вампир?

Филмот визуелно е одлично изработен, особено вампирите бидејки изгледаат поинаку од тоа што досега сме гледале.

Приказната е недоволно развиена, можеби бидејки трае само 90 мин.

Во секој случај вреди да се погледне ако сте љубител на акциони научни фантастики.

Режија: Scott Charles Stewart
Глума: Paul Bettany (Свешеникот), Cam Gigandet (дечкото на внуката)

Кои се вашите омилени научно фантастични акции?

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 добитници на Оскар за најдобар филм што секој мора да ги изгледа American Beauty, Chicago, No Country for Old Man … Ако немате навика да гледате ...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
Вирално видео од Оскарите - Глен Клоуз ја возвишува Македонија и филмот „Пред дождот“ „Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случен...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg