10-те најдобри детективски филмови од 2010-тите (ќе ве натераат да размислувате)

Knives Out важи за можеби најдобриот детективски филм од претходната деценија, додека Gone Girl е снимен според книга која беше огромен хит и кај нас.

10-te-najdobri-detektivski-filmovi-od-2010-tite-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-01.jpg

Ретки се луѓето кои не уживаат во детективски приказни, без разлика дали станува збор за филмови или книги.

Додека гледаме (или читаме) како ликовите пробуваат да ги поврзат настаните и доказите за да го најдат виновникот, на моменти и самите се чувствуваме како детективи.

Во продолжение дел од најдобрите детективски филмови од претходната деценија:

Murder on the Orient Express

Снимен според истоимената книга на Агата Кристи, Murder on the Orient Express можеби не им се допадна на критичарите, но доби многу пофалби од публиката.

Главниот лик е познатиот детектив Херкул Поаро кој патува со возот Ориент Експрес.

Но, непланирано, детективот се наоѓа среде нов случај кога во возот е најдено мртво тело со четири убодни рани…

The Nice Guys

Забавна детективска комедија со Рајан Гослинг и Расел Кроу во главните улоги.

Дејството на филмот е сместено во Лос Анџелес во 1970-тите.

Главните ликови се двајца приватни детективи кои пробуваат да го решат исчезнувањето на девојка, но и мистериозната смрт на порно актерка.

Knives Out

За многумина, ова е најдобриот детективски филмови од претходната деценија, а приказната премногу потсетува на романите на Агата Кристи.

Главниот лик е детективот Бланк кој пробува да го реши случајот со мистериозната смрт на богаташ.

И, се сомнева во сите членови на семејството кои се потенцијални наследници на огромното богатство.

Gone Girl

Книгата според која е снимен филмот - Ејми ја нема - беше огромен хит и кај нас.

Главниот лик е Ник, маж чија сопруга Ејми мистериозно исчезнува.

Случајот го привлекува вниманието на медиумите и јавноста го обвинува Ник, но се чини дека тој навистина нема никаква врска со исчезнувањето на Ејми.

Pokémon: Detective Pikachy

Рајан Рејнолдс го позајмува гласот на омилениот покемон, Пикачу, кој во филмот има улога на детектив.

Во филмот, Пикачу му помага на момче да го реши исчезнувањето на неговиот татко.

Иако филмот е инспириран од аниме за деца, беше одлично прифатен и од возрасните, најмногу поради чувството на носталгија.

Sherlock Holmes: A Game of Shadows

Покрај Херкул Поаро на Агата Кристи, Шерлок Холмс е другиот најпознат фиктивен детектив во светот.

Во A Game of Shadows, Роберт Дауни Џуниор го глуми Холмс кој пробува да ја открие причината за смртта на принцот од Австрија.

The Girl on the Train

Уште еден филм снимен според мошне популарен роман.

Главниот лик е Рејчел, жена која минува низ развод и се бори со алкохолизам.

Секој ден таа се вози со воз и набљудува дечко и девојка кои ги смета за совршен пар.

Но, одеднаш девојката исчезнува и Рејчел се вовлекува во целата истрага.

The Highwaymen

Со Вуди Харелсон и Кевин Костнер во главните улоги, филмот е снимен според вистинска приказна.

Главните ликови се двајцата детективи кои успеале да ги фатат озлогласените Бони и Клајд.

The Girl with the Dragon Tattoo

Снимен според првиот дел од трилогијата на Стиг Ларсон, The Girl with the Dragon Tattoo е мрачна детективска приказна со многу пресврти.

Главниот лик е новинар кој е најмен од богат маж со цел да напише книга за неговото семејство, но и да го реши исчезнувањето на неговата внука.

Wind River

Морничав и на моменти вознемирувачки трилер со Џереми Ренер и Елизабет Олсен во главните улоги.

Олсен глуми ФБИ агентка која е на задача да го реши свирепото убиство на млада девојка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...

Најчитани неделава