Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични серии со повеќе од 3 сезони (ако 10-тина епизоди ви се малку)

House of Cards

Серијата со Кевин Спејси во главната улога важи за еден од најдобрите политички трилери.

Главниот лик е политичар кој откако станува министер за надворешни работи, тргнува на мисија да им се одмазди на луѓето кои го предале.

Money Heist

Главните ликови во шпанската крими драма се група ограбувачи кои извршуваат големи кражби.

На чело со мистериозен лидер, тие пробуваат да украдат милиони од фабрика за монети.

Six Feet Under

Една од најдобрите серии на HBO е по малку мрачна, но доста емотивна.

Главните ликови се членови на семејство кое поседува погребна служба. По смртта на главата на семејството, секој од нив се соочува со свои проблеми и предизвици.

Mr. Robot

Еден од подобрите психолошки трилери од изминатата деценија дефинитивно е серијата Mr. Robot.

Главниот лик е млад хакер кој сака да почне револуција против глобалните корпорации, додека пробува да се справи со своите психички проблеми.

The Outlander

Снимена според книжевниот серијал на Дијана Габалдон, The Outlander е идеална за оние кои сакаат комбинација од фантазија, романса, но и реалистично претставено минато.

Главниот лик е Клер, болничарка која по Втората светска војна случајно се враќа во 1700-тите.

Заробена во опасното минато, пробува да преживее, но и да најде начин да се врати во своето време.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд Забавниот Miss Congeniality или емотивниот The Fundamentals of Caring – што ќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg