Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични серии со повеќе од 3 сезони (ако 10-тина епизоди ви се малку)

Vikings, The Outlander, Better Call Saul – ако ви се смачи од кратки серии со по едвај 10 епизоди, сигурно ќе сакате да ѝ се посветите на некоја од нашите предлози.

odlichni-serii-so-povekje-od-3-sezoni-ako-10-tina-epizodi-vi-se-malku01.jpg

Изминативе неколку години, сè попопуларни стануваат мини-сериите со по 10-тина епизоди.

Иако овие серии се идеални ако немате време да се посветите на нешто подолго, сериите со повеќе епизоди, кои беа хит порано, сепак си имаат свој шарм.

10 серии со повеќе од три сезони кои ќе ги изгледате со задоволство:

Vikings

Хит серијата инспирирана од ерата на викинзите мошне добро го прикажува животот на средновековните воини од Скандинавија.

Главниот лик е Рагнар, фармер и воин кој почнува да пустоши на англиска територија, со што си ја зајакнува својата положба во родното село.

The Walking Dead

Снимена според истоимениот стрип серијал, The Walking Dead е хорор-серија со дејство сместено среде апокалипса.

Откако се појавува мистериозна болест што ги претвора мртвите во зомби, преживеаните пробуваат да опстојат во новиот свет каде луѓето и анархијата претставуваат уште поголема закана.

Mad Men

Со дејство сместено во 1960-тите, Mad Men го следи животот на успешен маркетинг експерт и неговите колеги.

Серијата опфаќа дел од важните социјални и политички промени од тој период, заедно со драмата во приватниот живот на ликовите.

Better Call Saul

Снимена како „приквел“ на Breaking Bad, серијата се фокусира на животот на адвокатот од култната серија – Сол Гудман.

Серијата почнува неколку години пред настаните во Breaking Bad и ја следи транформацијата на Сол од најобичен адвокат, до соработник на најголемите наркобосови.

Twin Peaks

Ремек-делото на Дејвид Линч е одличен спој на мистерија, драма и надреализам.

Главниот лик е ексцентричен ФБИ детектив кој истражува убиство во гратчето Твин Пикс. Но, колку повеќе открива за случајот, толку повеќе целата приказна нема никаква смисла.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд Забавниот Miss Congeniality или емотивниот The Fundamentals of Caring – што ќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg