15 легендарни модни моменти во кинематографијата

Од црниот фустан на Одри Хепберн кој го носеше во култниот Breakfast at Tiffany's, преку андрогениот стил кој го лансираше Дајан Китон во Annie Hall, па сè до раскошната костимографија во незаборавниот The Great Gatsby, ова се 15-те најнезаборавни модни моменти во светот на кинематографијата.

15-legendarni-modni-momenti-vo-kinematografijata-01

1. Audrey Hepburn во Breakfast at Tiffany’s

Магичниот Givenchy фустан беше момент кога сите жени ја започнаа љубовната афера со малиот црн фустан.


2. Marilyn Monroe во The Seven Year Itch

Сцената кога белиот фустан на легендарната секс икона се подига и разлетува, дефинитивно е нешто што ниту еден човек не може да си го исфрли од главата.


3. Diane Keaton во Annie Hall

Ексцентричниот стил кој Дајан го носеше во класикот од 1977 година беше голема најава за машко-женскиот изглед. Кошулите, краватите, елеците никогаш не изгледале поженствено.


4. Alicia Silverstone во Clueless

Облечена во стилот на богата девојка од 90-те, Alicia ги промовираше костимите, фалтите и мини фустаните со прерамки како луксузен и задолжителен тренд.


5. Mia Farrow u The Great Gatsby

Совршената гардероба на Миа во стилот на 20-те години, автентично ја преслика целосната џез ера во 30-те години.


6. Keira Knightley во Atonement

Магичниот, свилен фустан во смарагдна боја со потпис на  Jacqueline Durran за малку не беше прогласена за најдобар филмски костим на сите времиња.


7. Julia Roberts во Pretty Woman

Гардеробата на Џулија од ’90-те беше незаборавна, посебно сцената кога буквално ги „опустошува“ бутиците во Rodeo Drive булеварот.


8. Olivia Newton - John во Grease

Супер тесни хеланки, црвен кармин и кратка кожна јакна - изглед по кој секоја девојка сонуваше!


9. Ursula Andress во Dr No

Сцената кога згодната Урсула излегува од водата во бело бикини не само што е една од најголемите модни сцени, туку и најжешки на сите времиња.


10. Viven Leigh во Gone With The Wind

Филмски триумф на глумата, приказната и костимите во овој период. Сензационално!


11. Rita Hayworth во Gilda

Стриптизот во сексапилниот црн фустан се смета за една од најгламурозните сцени во кинематографијата.


12. Grace Kelly во Rear Window

Здолништето со екстра волумен доби позитивни коментари благодарение на принцезата од Монако која ја носеше во пар со бисерна огрлица и доза елеганција. Секако, славната Hermes чанта беше неизбежна.


13. Madonna во Desperately Seeking Susan

Стилот на Мадона инстантно стана препознатлив изглед за младите девојки од ’80-те.


14. Jennifer Beals во Flashdance

Спортската, лежерна облека никогаш претходно не изгледала толку секси, како на Џенифер - хеланки, греачи, огромни маици, џемпери...


15. Faye Dunaway во Bonnie And Clyde

Кој може да ги заборави беретките, коланите, елеците и волнените здолништа? Магично!

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg