Предлог серии за кои можеби не сте слушнале, а раскажуваат одлични приказни

Ако не ви се допаѓаат сериите за кои сите зборуваат, новите филмови кои излегуваат, сепак има нешто и за оние со поинаков вкус. Ова не се турски или шпански серии, туку квалитетни американски серии кои имаат интересна содржина која сигурно ќе ве заинтересира.

top-8-predlog-serii-za-da-pocnete-da-gi-sledite-01

Некои од нив се и постари серии кои ако сте ги пропуштиле сега е може да ги погледнете и да ги споредите со денешните. Одберете си ја омилената или изгледајте ги сите, па нека ве одведат во некое поинакво време и различен стил на телевизиски серии.

1. „Damages

Ако сè уште не сте ја погледнале оваа заразна трилер серија, веднаш почнете. Ќе се навлечете уште по првата епизода. Она што е интересно во врска со оваа серија е тоа што е базирана на една вистинска ситуација и приспособена според она што моментално се случува во светот. Главните улоги ги толкуваат Глен Клоуз и Роуз Берн.


2. „Boss

Oваа вешто снимена серија навлегува длабоко во светот на корумпираниот политички систем на Чикаго, се занимава со моќното партнерство поради обостраната корист и возбудливата игра зад кулисите која се случува за време на политичките кампањи. Главната улога на градоначалникот ја глуми Келси Грамер.


3. „Ringer

Сара Мишел Гелар глуми близначка, Бриџит - поранешна зависничка и стриптизерка која е прогонувана од гангстер кој мисли дека присуствувала на убиство и Сиобан - ледена сопруга од високото друштво на Парк Авенијата. Тие две се сретнуваат на кратко, Сиобан исчезнува, а Бриџет го презема нејзиниот идентитет. Сето тоа за неколку минути.


4. „Rectify

После 19 години поминати во ќелии за погубување поради силување и убиство на својата девојка од тинејџерските денови, Даниел Холден е ослободен врз основа на новите ДНК докази. Серијата ги следи неговите тешки обиди да се врати во надворешниот свет, во своето семејство и меѓу луѓето во неговиот град.


5. „Sons of anarchy

Во серијата се следи една моторџиската банда од Северна Каролина, која успева да ги спои насилството и семејната драма. Главните улоги ги играат Кети Сагал и Чарли Ханам.


6. „Twin Peaks

Постои добра причина што оваа легендарна серија во режија на Дејвид Линч го добила своето место во аналите на поп културата, наспроти тоа што гледаноста не ѝ била на некое рекордно ниво. Дејството се случува во малото гратче на пацифичкиот северозапад и го следи убиството на Лоре Палмер и сите тајни на малиот град кој излегуваат на површина како и необичните жители кои го населуваат.


7. „The Shield

Некои ја сметаат оваа серија за една од најдобрите серии на сите времиња. Таа постави нови граници и се емитуваше од 2002 година до 2008 година. Всушност се работи за експериментален одред на лосанџелската полиција која се состои од неетички детективи кои ништо не може да ги спречи во извршувањето на нивната верзија на правдата на улиците. Мајкл Чиклис е во главната улога на Вик Мекеј, кој користи сомнителни методи со кои сака да го задржи мирот на улицата, додека паралелно со тоа заработува на нелегална заштита на дилерите и крадците.


8. „In Treatment

Оваа серија го следи психотерапевтот кој го глуми Габриел Бирн и неговите неделни сесии со пациентите како и состаноците со својот терапевт. Блер Андервуд, Дајен Вист, Мелиса Џорџ и Миа Васиковска се само дел од актерите кои ги глумат неговите пациенти.

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg