Сашко Коцев и Тони Михајловски дел од одличната актерската екипа на филмот „Ќе бидеме светски прваци“

Од продуцентите на српската филмска и телевизиска сага „Монтевидео“, фирмата „Интермедиа Нетворк“ (Intermedia Network), ни доаѓа уште една вистинита спортска приказна која е посветена на кошарката.

sasko-kocev-i-toni-mihajlovski-del-od-odlicnata-akterska-ekipa-na-filmot-ke-bideme-svetski-prvaci-01.jpg

Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ за основачите на познатата „Југословенска школа за кошарка“ и за првиот златен медал на светското кошаркарско првенство во Љубљана во 1970 година го режираше Дарко Бајиќ.

Сценариото го напиша Небојша Ромчевиќ во соработка со Гордан Михиќ и Огњен Свиличиќ, по идеја на Звонимир Шимунец кој воедно е и автор, и со Дејан Петровиќ, продуцентот на овој значаен проект.

Главните улоги на пионерите на кошарката на нашите простори ги играат млади актери. Улогата на Небојша Поповиќ, кој како „првиот меѓу еднаквите“ го започна „кошаркарскиот бум“ во поранешна Југославија, ја игра извонредниот млад актер Страхиња Блажиќ. Милош Биковиќ е во улога на Радомир Шапер, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Југославија. Александар Радојчиќ го толкува ликот на Бора Станковиќ, кој беше првиот човек на ФИБА, додека Марко Јанкетиќ е во улогата на Александар Николиќ, творецот на југословенската кошаркарска школа, кој воспоставил специфична филозофија за играњето на овој спорт.

sasko-kocev-i-toni-mihajlovski-del-od-odlicnata-akterska-ekipa-na-filmot-ke-bideme-svetski-prvaci-02.jpg

Во останатите улоги играат актери од Србија, Хрватска, Словенија и Македонија: Леон Лучев, Сергеј Трифуновиќ, Ива Бабиќ, Небојша Дугалиќ, Нина Јанковиќ, Тамара Драгичевиќ, Стефан Капичиќ, Јуре Хенигман, Горан Богдан, Радован Вујовиќ, Тони Михајловски, Роберт Курбаша, Крешимир Петар Ќосиќ, Сашко Коцев и други. како копродуцент од Македонија се јавува продуцентската куќа „Револушн“, односно Дејан Милошевски.

Една од насловните песни на филмот ја изведува македонскиот пејач Даниел Кајмаковски.

Премиерата на филмот е закажана за 19 март во кината во Скопје и Битола.

Погледнете ги досега објавените трејлери и инсерти:

Би можело да ве интересира:

Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg