Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дрога, прељуба, скандали: Тајните на Тивката ера во Холивуд

Кога некој ќе ја спомне тивката ера на Холивуд или црно-белите неми филмови, веројатно ќе помислите колку актерите во тоа време биле мирни и почитувани, за разлика од денешните актери кои не излегуваат од таблоидите.

droga-preljuba-skandali-tajnite-na-tivkata-era-era-vo-holivud-01.jpg

Но, дали било навистина така?

Злоупотреба на дрога не е ништо ново во Холивуд

Валас Рид беше една од најголемите ѕвезди на тивката ера. Познат бил по прекарот „совршен љубовник на екранот“. Глумел во повеќе од 200 филмови пред да умре.

Во 1919-та година доживеал несреќа и додека се заздравувал често консумирал морфиум за олеснување на болката.

Починал во 1923-та година, на само 31 година од предозирање со морфиум. Постојат уште многу примери за злоупотреба на дрогата во ова време.


Прељуба, разводи и други скандали

Додека разводот за повеќето парови на почетокот на 20-от век бил нешто незамисливо, во Холивуд тоа било честа појава, исто како и денес.

Понекогаш поради честите афери, ѕвездите биле принудени да абортираат, што во тоа време било многу опасен зафат.


Морални клаузули

Бидејќи аферите биле чести, направени се договори познати како морални клаузули. На студијата не им било битно што прават актерите во своите приватни животи, сè додека тие работи биле сокриени од јавноста.

Доколку сакале да имаат односи со други луѓе, тоа морало да биде одобрено од страна на студиото. Доколку не ги почитувале овие клаузули, надредените можеле да ги отпуштат актерите и да им ја уништат репутацијата.

Овие клаузули се користеле и за други цели. Многу години студијата верувале дека доколку актерите имате деца им се намалувала популарноста, па абортусите биле честа појава.


Хомосексуалноста била речиси нормална

Во тивката ера најголемите ѕвезди биле хомосексуалци. Таков е случајот и со Рамон Новаро, ѕвездата на епскиот Бен Хур од 1925 година и славната Грета Гарбо која имала интимни односи со жени.

Студијата обично немале проблем со ова, сè додека актерите биле дискретни. Токму затоа, хомосексуалноста во Холивуд долго време била тајна затворена за јавноста.


Старите неми филмови се занимавале со сериозна тематика

Ретко кој има гледано нем филм што не се занимава со тематика која и ден денес е табу.

Таквите филмови постојат од најраните фази на филмската индустрија. Безбожната девојка од 1928 година зборува за атеизмот.

Иако денес нема никаква конфузија поврзана со атеизмот, во тоа време било шокантно воопшто да се зборува за такво нешто. 

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови совршени за топлите летни ноќи (кога не ви се излегува) The Goonies ќе ве врати во безгрижните детски денови, додека Under the Tuscan Su...
10 нови серии кои ќе ве држат „залепени“ за екранот до последната епизода BLack Doves за оние кои сакаат трилери или The Pitt за љубителите на медици...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Филмови кои треба да ги гледате кога ви треба промена во животот Кога се борите да излезете од моменталната ситуација, изгледајте го The Pursuit ...
Трогателни филмови и серии снимени според вистински трагедии Only the Brave кој е направен во чест на 19 храбри пожарникари, но и Deepwa...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg