Топ 5 најконтроверзни филмови

Повремено излегуваат филмови кои предизвикуваат големи контроверзии, а во некои случаи стануваат дури и забранети.

top-5-najkontroverzni-filmovi-01.jpg

Ова е листа на пет филмови кои предизвикаа бука, а некои од нив се и денес контроверзни:

Последното танго во Париз (Бернардо Бертолучи, 1972)

Во потрага по стан убава млада парижанка Жан го среќава Пол, мистериозниот американски иселеник. Тие имаат бурна, страсна љубовна врска, во која не ги откриваат имињата.

Контроверзност: критичарите и публиката беа остро поделени во текот на оваа еротска психодрама. Поради еротските сцени во Италија овој филм е оценет како вулгарен.


Родени убијци (Оливер Стоун, 1994)

Мики и Мелори се отпадници, љубовници и сериски убијци.

Контроверзност: Иако овој филм бил наменет како сатира на медиумите, филмот, всушност, инспирирал неколку убијци кои ги копирале главните ликови, кои дури и користеле дијалози од филмот.


Фаренхајт 9/11 (Мајкл Мур, 2004)

Во овој филм, Мајкл Мур го критикува Џорџ Буш и неговата војна против „тероризмот“.

Kонтроверзност: Овој документарец предизвика десничарските партии да протестираат и да го забранат.


Сало (Пјер Паоло Пазолини, 1975)

Приказната е поставена во нацистички контролирана северна Италија, во Сало, во 1944 година. Четири фашисти собираат девет адолесцентни момчиња и девојчиња кои ги подложуваат на физичко, психичко и сексуално мачење 120 дена.

Контроверзност: Филмот предизвика бес низ целиот свет кога беше објавен во 1975 година. Во Велика Британија, на првата кино пројекција на филмот во 1977 година беше спроведена полициска рација.


Пеколен портокал (Стенли Кјубрик, 1971)

Во футуристичка Британија, банда на тинејџери секоја вечер се тепаат и силуваат беспомошни жртви. Едно од момчињата го фаќа полицијата. Се согласува на терапија за да ја скрати затворска казна.

Контроверзност: Филмот беше прогласен за порнографски во САД, а во Велика Британија беше забранет. Таму стана достапен дури во 2000-та година.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени режисери кои доминираат во филмската индустрија и треба да ги знаете Светот ја зафати „розова треска“ поради филмот Barbiе во режија на единствената ...
5 причини зошто да ја изгледате шпанската серија „Valeria“ на Нетфликс Можеби работата не ве исполнува, не знаете дали навистина сте со партнерот од љу...
„El Silencio“ - Нова шпанска серија на Нетфликс ги прикажува страшните последици од семејното насилс... El Silencio е провоцирачка серија која навлегува длабоко во ужасниот свет на сем...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg