Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Војна на ѕвездите: Најголемите промени направени од Дизни

Пред Ноќта на вештерките во 2012 година Волт Дизни компанијата даде изјава што го потресе Холивуд, фановите на Војната на ѕвездите и целиот свет - ја купиле компанијата за производство на Џорџ Лукас: Lucasfilm, заедно со Војната на ѕвездите и Индијана Џонс за 4.05 милијарди долари.

vojna-na-zvezdite-najgolemite-promeni-napraveni-od-dizni-01.jpg

Со помалку од еден месец пред премиерата на новата епизода на овој култен филм (Силата се буди) публиката со нетрпеливост очекува да дознае што ќе се случува со нивните омилени ликови во далечната галаксија и можеби најважното, дали филмот ќе биде добар?

Колку и да сакаме да бидеме објективни, кога станува збор за компанијата Дизни, секогаш ќе ја поврзуваме со анимирани филмови, песни, филмови за деца и несериозни проекти.

Тие веќе имаат сменето неколку работи, а ова се најголемите промени кои тие ги направиле на Војната на ѕвездите:

Првото нешто што тие го барале од Лукас е да им даде дозвола да создадат нова трилогија на филмови. Првата епизода ќе имаме можност да ја гледаме од 17 декември 2015, а другите две се предвидени за 2017 и 2019 година.

Следната најава се дополнителни филмови наведени како антологии на Војната на ѕвездите. Тие ќе бидат самостојни и ќе ги покриваат настаните неповрзани со семејството Скајвокер.

LucasArts студиото за видеоигри кое постои веќе 31 година ќе биде затворено.

Оформен е Lucasfilm Story Group, советодавно тело кое се состои од сосема нов менаџерски тим. Нивната работа е да им помогнат на писателите, уредниците или директорите во создавањето на новите приказни, стрипови, видео игри и филмови.

Дизни компанијата веќе долго време ги одржува тематските паркови низ целиот свет, а сега ќе постои и земјата на Војната на ѕвездите, во стилот на Дизниленд.

Гостите на паркот ќе можат да се качат на познатиот вселенски брод Millennium Falcon и да комуницираат со вонземјаните.

Изградба на објектот почнува следната година, а се планира да биде завршена до 2021 година.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
10 мрачни серии на Нетфликс (се гледаат во еден викенд) Ако сакате фантазија, веруваме ќе ви се допадне јужнокорејската серија Hellbound...
Трогателни филмови и серии снимени според вистински трагедии Only the Brave кој е направен во чест на 19 храбри пожарникари, но и Deepwa...
Пандемија, штрајкови, терористички напад: Филмови кои се правеле со години (и зошто) Снимањето на популарниот Wicked било одложувано неколкупати и од првата идеја за...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои можеби сте ги пропуштиле Воената драма Hacksaw Ridge или напнатиот научнофантастичен трилер Ex Machina. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg