Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Краток документарец: Дали сакате спиење?

Честопати знаеме да бидеме неблагодарни кон она што го имаме и да се жалиме на работи на кои не би требало да помислиме да се жалиме. Колку и да звучи клише сепак, факт е дека ситиот никогаш нема да го разбере гладниот. 

kratok-dokumentarec-dali-sakate-spienje-01.jpg

Праведно или не, секој од нас испишува една различна животна приказна, понекогаш можеби не онаа на која сме се надевале, не онаа за која сме сонувале, но едноставно мора да биде напишана на тој начин, бидејќи не постои можност за друга епизода во тоа поглавје.

Токму различностите помеѓу оној кој има сѐ и оној кој нема ништо послужиле за инспирација на младата, талентирана македонка, Натали која студира на филмската академија во Њујорк за да создаде видео кое навидум изгледа едноставно, но носи една огромна порака во себе.

Додека камерата се движи низ подземјето на самиот Њујорк, ловејќи бездомници кои измрзнуваат во сосема нехигиенски услови, на отворено или во метро, без покрив над глава, без никаква перница и топло волнено ќебе во овие декемвриски денови, во позадина одат гласови на луѓе кои се жалат околу тоа какви проблеми имаат со спиењето.

Додека бездомниците талкаат да најдат пријатно место каде ќе се потпрат за да се одморат, со надеж дека ќе ги дочека новиот ден, луѓето раскажуваат за тоа како им сметаат светлата кои се запалени во собата во студенскиот дом или како климата им ја суши устата, едноставно се жалат за работи за кои оние кои се во крупен кадар, бездомниците, може само да сонуваат.

Секогаш кога ќе ви текне, помислете уште еднаш дали сакате едноделен или кралски кревет, дали душекот е премногу мек или премногу тврд, а вашата перница превисока или прениска.

Ако се будите исплашени дека некој ве демне или едноставно не можете да заспиете, сетете се дека надвор постои некој кој воопшто не ни може да размислува за таквите проблеми, бидејќи за него постои многу поголем проблем.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Scarface и уште 4 популарни (и култни) филмови кои се римејкови Знаевте ли дека Scarface кој е популарен и денес е римејк на филм од далечната 1...
Номинации за Оскари 2025: Прва номинација за Деми Мур Аријана Гранде ја заработи првата номинација за улогата во Wicked, а во истата к...
Го гледав документарецот за Селин Дион и ме расплака нејзината борба со синдромот на вкочанета лично... Снимката од нападот на Селин е мачен за гледање - жената која секогаш оддавала в...
10 крими серии на Нетфликс што ќе ви го пополнат слободното време Ozark и Narcos доколку сакате серии со картели, или Brooklyn Nine-Nine ако сте р...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg