Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемите холивудски ривали

на филмовите овие глумци често се сретнувале, па дури и соработувале заедно. 

Najgolemite-holivudski-rivali

Поради својата професија, често успевале да ги изглумат своите добри меѓусебни односи, но во реалниот свет, овие холивудски актери не се сакале и биле големи ривали.

Бет Дејвис и Џоан Крафорд

Како две од најголемите женски ѕвезди во историјата на Холивуд, горчливото ривалство меѓу Џоан Крафорд и Бет Дејвис станало едно од најпознатите.

Постојат бројни гласини за тоа како почнало ова ривалство. Дејвис посочила дека меѓусебната омраза започнала кога Крафорд била во брак со човек во кој била заљубена и Дејвис.

Дејвис изјавила: „Никогаш не сум ѝ простила за тоа и никогаш нема“. После долгото ривалство, во филмот „Whatever Happened to Baby Jane?“ добиле улога двете актерки, што е воедно и единствениот филм во кои и двете глумеле заедно.

Najgolemite-holivudski-rivali-01


Оливија де Хавиленд и Џоан Фонтејн

Оливија де Хавиленд и Џоан Фонтејн биле успешни актери и добитници на Оскар. Легендарните сестри никогаш не ја криеле својата омраза која наводно започнала кога тие биле деца.

Во автобиографијата на Фонтен, де Хавиленд е опишана како агресивна и навредлива личност која била љубоморна на својата помлада сестра. Нивната оддалеченост се зголемила по смртта на нивната мајка во 1975-та година.

Фонтен тврдела дека де Хавиленд одбила да ја покани на погребот, а де Хавиленд тврдела дека Фонтен била премногу зафатена за да присуствува на погребот. Сестрите не зборувале повеќе од 35 години после ова, сé до смртта на Фонтен во 2013-та година.

Najgolemite-holivudski-rivali-02


Лоренс Оливие и Мерилин Монро

И покрај тоа што Оливие бил еден од најдобрите актери во Велика Британија, тој од Сер Алек Гинис бил опишан како непријатна личност. Бил критички настроен кон своите најпознати колеги како Џоан Фонтејн, Мерл Оберон, Кирк Даглас, и Марлон Брандо.

Сепак, се смета дека најсилна омраза чувствувал кон Мерилин Монро. Монро и Оливие работеле заедно за прв пат во филмот „The Prince and the Showgirl“. Монро била срамежлива и нервозна за време на снимањето, па ретко го поминувала времето со другите членови на актерската екипа.

Оливие ја презирал нејзината употреба на „методската глума“ и постојаното присуство на нејзиниот тренер, Пола Стразберг. Тој постојано ја нарекувал Монро „кучка“ и одбил да го признае нејзиниот статус како секс симбол, што таа никогаш не му го простила.

Najgolemite-holivudski-rivali-03


Феј Данавеј и Роман Полански

И покрај неговите триумфи со филмови, неговата историја поврзана со силување и педофилија отсекогаш оставала прашања околу неговиот карактер. За време на снимањето на филмот „Chinatown“ во 1974-та година, тензијата помеѓу Полански и главната актерка, Феј Данавеј, се претворила во големо ривалство.

Во едно интервју, Полански тврдел дека Данавеј не сакала да ги слуша неговите совети, додека Данавеј тврди дека Полански ја навредувал. Кога Полански одбил да ѝ дозволи на Данавеј пауза за тоалет, таа му фрлила чаша со урина во лице.

Najgolemite-holivudski-rivali-04

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд Забавниот Miss Congeniality или емотивниот The Fundamentals of Caring – што ќе г...
10 серии со непредвидливи пресврти (поради кои ќе сакате да ги изгледате уште еднаш) Популарната Squid Game, но и Behind Her Eyes – серија чиј крај никогаш не би го ...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
Кои славни личности се инспирација за дизајнот на ликовите на Дизни? Том Круз им служел како инспирација на артистите кога го дизајнирале ликот на Ал...
10 одлични, но потценети (и заборавени) филмови кои треба да ги изгледате Blood Diamond ќе ви ја покаже мрачната страна на индустријата со дијаманти, а Eq...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg