Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите аниме филмови на Хајао Мијазаки

НХајао Мијазаки е познат јапонски режисер за кој многумина фанови на аниме, како и другите, знаат. 

Najdobrite-anime-filmovi-na-hajao-mijazaki

Неговите анимации се полни со волшебни приказни и неверојатни авантури, фасцинантни ликови и непредвидливи пресврти.

Најдобрите аниме филмови на Хајао Мијазаки, доколку не ви се гледани, ова е нашата топла викенд препорака:

Howl’s Moving Castle

Софи, главниот лик од ова аниме, води обичен живот во големиот град. Нејзиниот живот драстично се менува еден ден по средбата со вештерка. Вештерка на неа фрла клетва која предизвикува девојката брзо да старее, оставајќи ја заробена во тело на старица. За да го врати својот поранешен изглед Софи треба да го најде Замокот на Howl.


Princess Mononoke

Младиот принц Ашитака е жртва на смртоносното проклетство. Да го пронајде противотровот, тој мора да патува во мистериозна земјата во која беснее војна помеѓу луѓето и животните. Тука ја запознава принцезата Мононоке која се обидува да го заштити своето шумско живеалиште.


Spirited Away

Загадочна и мистична приказна за едно мало девојче, Чичиро, кое се наоѓа во чуден свет исполнет со духови. Нејзините родители се трансформирани во свињи кои станале затвореници  на вештерката Јубаба. Чичиро мора да ги спаси своите родители.


My Neighbor Totoro

Две сестри се спријателуваат со шумски дух наречен Тоторо, кој им помага на девојките да ја посетат нивната мајка, која е во болница.


Nausicaa of the Valley of the Winds

Во далечната иднина, земјата се соочува со еколошка катастрофа; отровна шума се шири над поголемиот дел од површината на планетата. Многу луѓе бараат засолниште во долината на ветровите - единственото место каде што природата останува недопрена.


Castle in the Sky

Во алтернативна реалност каде замоците лебдат во воздухот, една девојка го поседува неизмерно вредниот летечки камен. Владините агенти, како и пиратите, се обидуваат да дојдат до каменот. Бегајќи од гонителите, девојката се среќава со младо момче. Тие заедно откриваат дека каменот е клучот за наоѓање на летечкиот остров Лапута.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Враќање во детството: Се сеќавате ли на цртаниот филм „Денвер, последниот диносаурус“? Се сеќавате ли на преслаткиот и необично интелигентен диносаурус Денвер? Го глед...
Потекнува од „обично“ семејство, нема искуство со глума: Кој е 15-годишниот актер кој „растури“ во с... „Моите браќа се електричари, мајка ми е негувателка, а татко ми работи во ИТ инд...
10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд Забавниот Miss Congeniality или емотивниот The Fundamentals of Caring – што ќе г...
10 одлични, но потценети (и заборавени) филмови кои треба да ги изгледате Blood Diamond ќе ви ја покаже мрачната страна на индустријата со дијаманти, а Eq...
10 крими серии на Нетфликс што ќе ви го пополнат слободното време Ozark и Narcos доколку сакате серии со картели, или Brooklyn Nine-Nine ако сте р...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg