Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови кои вреди да ги изгледате пред Оскарите

Се наближува денот кога ќе се одржат 88-те Оскари и додека повеќето од филмовите кои се номинирани за најдобар филм ни се добро познати, како и фактот дека сите очекуваме Леонардо ди Каприо да ја освои титулата најдобар актер.

10-pomalku-poznati-filmovi-koi-vredi-da-gi-izgledate-pred-oskarite-01.jpg

Но, постојат неколку помалку познати филмови кои се најдоа на листата на номинации, а веројатно не сте имале можност да ги погледнете.

Пред почетокот на Оскарите во недела, погледнете ги:

1. „Room“

Од 8-те филмови кои оваа година се номинирани за најдобар филм, веројатно најмалку познат ви е „Room“. Станува збор за 5-годишниот Џек кој заедно со својата мајка бегаат од затворената средина во која живееле целиот свој живот, за подоцна да дојде до интересно откритие.


2. „Carol“

Единствениот филм за кој многу критичари се зачудени зошто не се најде на листата на номинирани за најдобар филм е „Carol“, кој се чинеше дека е направен специјално за да блесне на Оскарите. Станува збор за фотографка која развива интимна врска со постара жена.


3. „Trumbo“

Уште еден помалку познат филм за чија глума Брајан Кранстон е номиниран за најдобар актер во главна улога. Приказната се одвива во 1947-та година кога Далтон Трамбо бил еден од најдобрите сценаристи, кој заедно со уште неколку актери бил затворен поради своите политички верувања.


4. „The Danish Girl“

Ова е филмот благодарение на кој Еди Редмејн уште еднаш е номиниран за најдобар актер во главна улога. Фиктивна љубовна приказна која е инспирирана од животот на данските уметници Лили Елбе и Герда Вегнер.


5. „Ex-Machina“

Ако овој филм заборавивте да го изгледате во 2015-та година, топло ви препорачуваме да го погледнете. Млад програмер е одбран да учествува во тестирањето на робот.

Уште 5 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Инспиративниот филм за деца „Победници“ пристига во домашните кино сали Скопје, 12 декември 2024 година – Германската инспиративна приказна за 11-годишн...
10-те најдобри детективски филмови од 2010-тите (ќе ве натераат да размислувате) Knives Out важи за можеби најдобриот детективски филм од претходната деценија, д...
10 филмови кои ќе ве расположат (и ќе сакате да ги изгледате уште еднаш) Yes Man со Џим Кери во главната улога или The Intern каде што главниот лик е ста...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
Враќање во детството: Се сеќавате ли на цртаниот филм „Денвер, последниот диносаурус“? Се сеќавате ли на преслаткиот и необично интелигентен диносаурус Денвер? Го глед...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg