11 работи кои не сте ги знаеле за омилената романтична приказна - „The Notebook“

Сите ја знаеме романтичната приказна за филмот „The Notebook“ благодарени на која веруваме во вистинска љубов.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-omilenata-romanticna-prikazna-the-notebook-01.jpg

Но, сепак постојат факти кои најверојатно не ги знаете и откако ќе го прочитате ова ќе ве натераат да помислите дека тоа е најромантичниот фил кој воопшто сте го гледале.

1. Режисерот, Ник Касаветс, му ја доделил главната улога, Ноа, на Рајан Гослинг бидејќи според него Рајан не бил згоден. Дури решил самиот да му ја соопшти веста со зборовите „Сакам да ја играш оваа улога бидејќи ти не си згоден како другите млади актери овде во Холивуд. Не си згоден ама си супер, обичен дечко кој делува по малку лудо.“

2. Рајан носи кафеави леќи во текот на снимањето на филмот. Бидејќи Ноа бил претставен од страна на Џејмс Гарнер со кафени очи, Рајан во текот на целото снимање морал да носи леќи за да ги скрие неговите плави очи.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-The-Notebook-02

3. Филмот е сниман од крајот кон почетокот. Сцените каде Али и Ноа се стари се снимани први. После тоа Рајан морал да ослабe за време на божиќните празници и да ја избричи брадата за да се трансформира во младиот Ноа.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-The-Notebook-03

4. Познатата сцена со бродот за малку ќе била снимена без птици. Да, тоа е сцената кога Ноа и Али пловат по езерото а прекрасните птици се околу нив. Продуцентите отпрвин мислеле дека замислата е неизводлива, но режисерот нашол штотуку изведени птици кои биле растени покрај езерото и толку се навикнале на него што очигледно одлично си ја одиграле улогата.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-The-Notebook-04

5. Малкумина знаат дека Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс биле во игра за главните улоги. Во тој случај филмот би изгледал вака:

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-The-Notebook-05

6. Рајан и Рејчел воопшто не се согласувале за време на снимањето. Дури во еден момент Рајан побарал друга девојка со која ќе може да вежба за време на паузите.

7. Рајан Гослинг сам ја додал последната реченица во филмот. Сосема на крајот кога Ноа ја тера Али да признае што таа сака. Делот „Што сакаш ти?“ е реплика која ја немало во сценариото, а Рајан понесен од улогата едноставно ја изговорил.

8. Џејмс Марсден, кој го игра свршеникот на Али, мислел дека филмот ќе помине многу лошо. Можеби само бил љубоморен што на крајот Али сепак завршува со Ноа.

9. „The Notebook“ е најуспешниот филм на Рајан Гослинг. И покрај што што филмот е од 2005-та година и Рајан оттогаш имал многу главни улоги во филмови како „Drive“ и „Crazy, Stupid, Love“, ова е филмот кој му донесе заработка од 105 милиони долари.

10. Масата во сцената каде Ноа и Али вечераат е дело на Рајан Гослинг. Тој сакајќи да се соживее со ликот живеел два месеци во Северна Каролина и се занимавал со изработка на мебел. Гледајќи го неговиот талент сценографите дозволиле неговите дела да станат дел од филмот.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-The-Notebook-06

11. Рејчел МекАдамс имала помалку од еден ден да се подготви за аудицијата. Таа го добила сценариото за филмот вечерта пред аудицијата кога отишла на премиера на друг филм. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
„Тајни“ кодови за пребарување на Нетфликс по категории Знаевте ли дека на Нетфликс можете да користите кодови за подетално пребарување ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
„The Night Agent“: Напнат политички трилер кој се гледа во еден здив и е хит на Нетфликс The Night Agent стана една од најгледаните серии на Нетфликс, по само неколку де...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg