Листа на 20 најдобри филмови кои треба да ги изгледате според Квентин Тарантино

Опсесијата на Тарантино со кинематографската историја е нешто кое се граничи со легенда. Дури и пред да стане ценет и почитуван режисер, тој работел во видеотека поминувајќи го времето во гледање на филмови еден по друг.

20-najdobri-filmovi-spored-kventin-tarantino-01.jpg

Сега многу години подоцна препознатливиот стил на Тарантино е нешто кое постојано добива признанија од публиката. Тој неодамна ја доби и својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Во едно интервју Тарантино ги набројува неговите 20 омилени филмови од 1992 година па наваму – годината во која започнува со својата кариера.

1. „Fight Club“

Речиси невозможно е да се опише овој филм, бидејќи тој е толку многу извртен и психоделичен што всушност ги преминува границите и влегува во сосема друго царство на постоење.


2. „The Insider“

Извонреден филм на Мичел Ман за двајца луѓе кои го ставаат интересот на јавноста пред својот. Приказната останува актуелна до ден денес како пример за општествен став кој сите би требало да го демонстрираме.


3. „Lost in Translation“

Токио, доцна во ноќта, луксузен хотелски бар... Овде, обидувајќи се да ја избегнат несоницата, двајца Американци постојано налетуваат еден на друг: Боб, филмска ѕвезда чии години веќе одминуваат и младата Шарлот. Постепено создавајќи неверојатно пријателство, тие талкаат по улиците, поминувајќи ги часовите во бескрајни разговори.


4. „Battle Royale“

„Battle Royale“ претставува ужасна игра од која излегува жив само еден. Филмот претставува сатира на модерниот живот и лудиот ритам и начинот на кој сите ние се справуваме со него.


5. „Dogville“

Бегајќи од мафија младата Грејс се наоѓа себеси во планинскиот град Догвил во Колорадо. Локалните жители се согласуваат да ѝ дадат засолниште под услов таа да работи за нив, но колку повеќе се обидува да им помогне сфаќа дека жителите на малото гратче се дволични и злобни.


6. „The Matrix“

Филм кој не претставува обична научно фантастична приказна, туку филм со длабока приказна која ќе ве натера да размислувате многу подлабоко за социо-политичките конотации кои воопшто не би ги очекувале кај таков филм.


7. „Anything Else“

Вуди Ален е маестрален во создавањето квалитетни комедии полни со хумор и суптилна иронија. „Anything Else“ не е исклучок од правилото. Посебната атмосфера и чистиот шарм кој ги остава зад себе нема воопшто да ве остават рамнодушни.


8. „Shaun of the Dead“

Што ако започнала апокалипса со зомби, а вие не сте свесни за тоа? Шoн е обично момче кое живее сосема обичен досаден живот работејќи во продавница за електроника, кога одеднаш забележува дека нешто не е во ред со светот тој ден. Живите мртовци лутаат по улиците а Шoн конечно помислува дека тоа е денот кога ќе истапи и ќе го спаси светот но...


9. „Dazed and Confused“

Добро осмислена комедија која изобилува со позитивна енергија и многу смеа. Одлично потсетување за сите тие кои сакаат да се навратат на ’70-те и сето она кои тие го носеле со себе. Плус, дел од актерите се младата Мила Јовович, Бен Афлек и Метју Меконахи.


10. „Audition“

Впечатливиот контраст меѓу јапонската лирика на почетните сцени и крвавото садистичко финале му дава на овој филм посебен изглед. Филмот претставува еден вид на културен шок за публиката на европските и американските кина. Филмот зборува за внатрешните демони создадени од нашите стравови кои сите ги имаме во нас.

Уште 10 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса) Ако досега не сте ја изгледале Wednesday, време е да го сторите тоа. Ако, пак, с...
„Тајни“ кодови за пребарување на Нетфликс по категории Знаевте ли дека на Нетфликс можете да користите кодови за подетално пребарување ...
Како режисерот Вес Андерсон ги прави најуникатните и визуелно највпечатливи холивудски филмови? Симетрија, пастелни бои и впечатливи реквизити - кои се тајните на Вес Андерсон,...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg