Листа на 20 најдобри филмови кои треба да ги изгледате според Квентин Тарантино

11. „The Blade“

Бесмислен акционен филм со минимализам кој ве води до самиот раб и поседува огромна кинематографска моќ. Снимен со рачна камера во светли бои, исполнет со страст и возбудливи сцени со борба, овој филм успева да ја искористи секоја креативна алатка која постои за да ве натера да сочувствувате со ликовите.


12. „Boogie Nights“

„Секс. Дрога. Насилство“ би требало да биде името на овој филм. Но сепак не заборавајте дека зад сета таа вулгарност се крие очајна порака која истакнува неколку од добро познатите општествени проблеми. 


13. „Memories of Murder“

Ова не е вообичаен трилер или крими-драма. Ова е филм кој го носи посебниот печат на корејската кинематографија, кој не само што се истакнува по одличната визуелна изведба и актерска група туку и со својата автентичност. Филмот открива дека полицајците не се секогаш херои, дека некои дела поминуваат неказнето и дека невини луѓе понекогаш умираат заради глупави грешки.


14. „Speed“

Јан де Бонд со својата магија направил сè што е во негова моќ да не задржи цврсто залепени за екраните добри час и половина. На секои неколку минути приказната има нов пресврт што прави филмот да биде многу интересен.


15. „Joint Security Area“

Ова е приказна за млада истражителка која е заробена меѓу две спротивни страни во одамна поделената држава. Во суштина овој политички трилер е целосна човечка драма, каде секој најмал детаљ е посебно нагласен.


16. „Friday“

Крими-комедија за двајца пријатели кои сакаат да седат во дворот со пијачка во рака и ги набљудуваат минувачите. Фантастичен филм, пред сè, заради одличната актерска игра на Ајс Кјуб и Крис Такер.


17. „Team America: World Police“

„Реалистични“ борбени сцени, непреводлива игра на зборови, одлична музика и звучни ефекти, зачинети со сатира која е паметна, отроумна и забавна. Крајниот производ е одличен цртан кој е наменет исклучиви за возрасни.


18. „The Host“

Повеќеслоен филм чија намера не е само да ве исплаши туку да ве натера да размислувате. Филмот ја раскажува приказната за корејско семејство кое се обидува да ја врати својата ќерка грабната од чудовиште налик на Годзила, сфаќајќи дека нивните врски полни со љубов се најважното нешто на светот.


19. „Police Story 3: Super Cop“

Хонкогшката полиција ги здружува силите со Интерпол со цел инфилтрирање во меѓународен картел за дрога. А, кој би можел да биде подобар кандидат за таква невообичаена операција од инспекторот Чан Ка Куи игран од страна на извонредниот Џеки Чен.


20. „Unbreakable“

Ужасната сообраќајна несреќа завршува катастрофално за сите патници освен за еден. Обичниот чувар, Дејвид Дјун, преживува без каква било гребаница, а постои само еден човек кој ја знае причината за ова чудо – Елаја Прајс познат како г. Стакло, наречен така заради неговата невообичаена болест која предизвикува неговите коски да се кршат лесно. 

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 одлични филмови од различни жанрови што ќе ви го пополнат слободното време Ако сте расположени за комедија, изгледајте го Office Space, а доколку сакате по...
10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2024 American Fiction, Maestro, Killers of the Flower Moon … Колку од номинираните фи...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg