Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Викенд предлог: Детективски филмови кои ќе ве направат попаметни

Ако сте тип на човек кој сака да размислува за тајните на човековата природа, гледање на детективските филмови и решавањето на мистериите се одличен начин како да го поминете слободното време и да уживате во филмови.

top-detektivski-filmovi-koi-kje-vi-go-proshirat-umot-01.jpg

Ги одбравме најдобрите детективски филмови, секој од нив гарантирано ќе ве забавува со часови, додека го употребувате вашиот интелект:

1. Angel Heart (1987)

Детективски филм со мистична тематика која успева да ве заинтригира уште од првите моменти и да ве држи под тензија до самиот крај. Комбинација од различни тонови, мелодија на саксофон, а главниот лик е соочен со серија загатки кои треба да ги реши за да го затвори случајот.


2. Memento (2000)

Леонард Шелби е во потрага по убиецот на неговата сопруга. Работите стануваат комплицирани кога тој ја губи краткотрајната меморија по удар во главата. Се сеќава само на работите кои се случиле пред убиството, а сè друго останува во неговата глава само 15 минути. Употребува различни трикови со кои самиот, а и нас нè потсетува на она што се случило, сè додека не заврши неговата истрага.


3. Zodiac (2007)

Двајца детективи се во потрага на серискиот убиец кој го плашел Сан Франциско цели 25 години. Серискиот убиец е познат под името „Зодијак“, а не само што сака да убива луѓе, туку и да си поигрува со инспекторите - не сите успеваат да го издржат тој притисок.


4. True Detective (2014 - )

Детективска серија која веќе има три сезони - секоја епизода со своја приказна и ликови. Започнува со истрага на двајца детективи за необично убиство во Луизијана. Дел по дел, ја составуваат сликата, која полека но сигурно, ги води до заклучокот за тоа што навистина се случило.

Уште 4 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
„Стела и Сани“, „Светот на Биби“: Листа со емисии, песни, серии на македонски јазик за вашите деца Сакате ли вашето дете да слуша песнички и емисии на македонски јазик? Ако е така...
10-те најдобри хорор серии на Нетфликс (кои ќе ве подготват за Halloween) Midnight Mass е една од најдобро рангираните серии на Нетфликс, додека Santa Cla...
10 нови серии (и сезони) на Нетфликс и HBO Max Покрај ултрапопуларната Adolescence, на Нетфликс, но и HBO Max има уште неколку ...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
10 (понови) романтични филмови на Нетфликс што можете да ги гледате со партнерот Романтични комедии, но и емотивни приказни кои ја слават љубовта – неколку филмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg