Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 хорор филмови кои со нетрпение ги очекуваме во 2016

Љубители на хорор филмовите – обединете се, бидејќи нѐ очекува возбудлива година која носи три нови премиери на ужас, страв и агонија, поради кои ќе се преиспитате дали сепак е подобро да заспиете со вклучена светилка.

3-horor-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-vo-2016-01.jpg

Ова се топ 3 предлози кои мора да ги изгледате штом излезат:

The Conjuring 2

Ед и Лорејн Ворен повторно ги репризираат своите улоги во вториот дел на овој извонреден хорор. Овојпат, се работи за уште една вистинска приказна – семејство кое е опседнато од страна на дух во Англија. 

Главни улоги: Вера Фармига, Патрик Вилсон, Франка Потенте.

Премиера: 10-ти јуни

The Purge: Election Year

15 години откако нејзиното семејство е грозоморно убиено за време на „чистката“, една храбра жена се кандидира за политичка функција, со цел засекогаш да го укине овој ден. Ноќта кога сите криминални активности се легални, нејзината безбедност е ставена под знак прашалник.

Главни улоги: Френк Грило, Елизабет Мичел.

Премиера: 1-ви јули

Lights Out

Млада жена се враќа дома и дознава дека духот кој ја опседнувал во минатото овојпат го прогонува нејзиниот помлад брат. А духот сака исклучени светилки...

Главни улоги: Тереза Палмер, Марија Бело, Били Бурк.

Премиера: 22-ри јули

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови совршени за топлите летни ноќи (кога не ви се излегува) The Goonies ќе ве врати во безгрижните детски денови, додека Under the Tuscan Su...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 (одлични) филмови што периодов се прикажуваат низ македонските кина Хорор-филмот Nosferatu кој е вистинско освежување за жанрот, но и неколку продол...
Кои славни личности се инспирација за дизајнот на ликовите на Дизни? Том Круз им служел како инспирација на артистите кога го дизајнирале ликот на Ал...
30 години од серијата „Мојот т.н живот“, во чиј главен лик бевме сите вљубени - Како изгледаат денес... Во средината на 1990-тите не постоеше тинејџерка што не беше вљубена во лошото м...
10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg