Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

Сите сакаат филмови со збунувачки сценарија. Нивната напната приказна е она кое нè држи постојано во неизвесност.

15-filmovi-koi-kje-ve-drzat-vo-neizvesnost-do-samiot-kraj-01.jpg

Нивната приказна нè збунува и нè тера да го гледаме филмот до самиот крај.

Но, она што е поважно е што нивната приказна нè тера да размислуваме, да се сомневаме и да донесуваме сопствени заклучоци.

Ова се филмовите кои не смеете да ги пропуштите:

1. „Hide and Seek“

Како вдовец, психијатарот Дејвид се обидува да го среди својот живот после самоубиството на неговата сопруга, а неговата ќерка утехата ја наоѓа во измислениот пријател „Чарли“. На почетокот не обрнува многу внимание на нејзините фантазии, но подоцна една фантазија ќе го натера да се запраша кој всушност е „Чарли“?

2. „The Double“

Овој филм навистина ќе го натера вашиот мозок да се потруди да сфати што се случува. Сајмон е срамежлив канцелариски работник чиј живот се чини дека не може да стане полош: колегите го игнорираат, а девојката која му се допаѓа не ни знае дека постои. Но, тогаш се појавува неговиот двојник и работите целосно се менуваат.

3. „Donnie Darko“

Дони Дарко е чудак, а филмот станува сè почуден како се развива дејството. Приказната е малку тешка за разбирање, но навистина ќе ве натера да се потрудите.

4. „The Machinist“

Тревор Ресник нема спиено цела година. Изгледа како скелет кој талка помеѓу соништата и реалноста. Сценариото, дијалозите, глумата и музиката се извонредно усогласени и фантастично изведени. И да, никогаш не сте го виделе Кристијан Бејл во таква улога.

5. „The Box“

Артур и Норма се семејство кое поминува низ финансиски потешкотии. Одеднаш пред вратата наоѓаат пакет кој содржи дрвена кутија со копче на неа. По кратко време доаѓа човек кој им објаснува дека притискањето на копчето може да ги ослободи од сите финансиски проблеми. Тие го прават тоа и добиваат милион долари. Но, во истиот момент некаде некој умира токму заради тоа. Би одзеле ли нечиј живот за да ги решите сопствените проблеми?

6. „Being John Malkovich“

Крег Шварц открива портал во неговото истражување кој буквално води до главата на филмската ѕвезда Џон Малкович. После ова неверојатно откритие тој решава да организира тури низ главата на Малкович за сите кои се заинтересирани.

7. „Wicker Park“

Извонредна мелодрама со чувствителна приказна која ве држи напнати до самиот крај. Крајот е сосема непредвидлив, сценариото е интригантно и тензијата и мистеријата се чини немаат крај.

Уште 8 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото,...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата ки... Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Кинове...
10 крими документарци на Нетфликс за познати (и морничави) случаи Исчезнувањето на Медлин МекКен по која се трага веќе 18 години, снимки од интерв...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Заврши снимањето на краткиот филм „Време на заедништво“ со Јасна Ѓуричиќ во една од улогитe Заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg