Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 филмови кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

8. „Spider“

После 20 години во азил, чудниот Денис Клег се враќа во домот каде го поминал детството. Слично како пајак, тој го поминува поголемиот дел од времето лутајќи по мрежата од спомени која се создава во неговиот абнормален мозок.

9. „Enemy“

Еден човек пуштајќи филм кој го изнајмил забележува актер кој изгледа исто како него. Од тој момент натаму тој станува опседнат со идејата да го најде и запознае неговиот двојник. Но, дали тој навистина е негов двојник или се случува нешто друго?

10. „Filth“

Моќен филм со проникливо сценарио и одлична глума. Корумпиран наркоман-полицаец се обидува да манипулира со цел добивање унапредување за да ја врати назад својата сопруга и ќерка додека истовремено се бори со сопствените внатрешни демони. Харизматичниот Џејмс МекАвој ќе ве изненади со одличната глума.

11. „Triangle“

Група пријатели одат на патување со јахта. Бродот наидува на бура која го превртува. Во исто време мистериозно се појавува друг брод дозволувајќи им на сите да се извлечат од неизбежната смрт. Мистериозниот брод е целосно празен, дури ни часовниците не работат, а патниците имаат чудно чувство дека некој постојано ги гледа.

12. „Identity“

Престојувајќи во напуштен мотел за време на бура, десет странци се запознаваат меѓусебно за кратко потоа да дознаат дека некој ги убива еден по еден – а, убиецот е меѓу нив.

13. „Tideland“

Очајниот татко Ноа решава да ѝ ја покаже на својата ќерка Јелиза-Роуз куќата во која го поминал детството. Куќата е сместена во огромните полиња со пченица, а девојчето останува само и живее во светот на нејзината фантазија. Филм кој можеби нема лесно да го разберете, филм во кој можеби нема да верувате, но нема да можете да престанете да го гледате до самиот крај.

14. „Inland Empire“

Се чини дека филмовите на Дејвид Линч стекнаа посебно место во светот на кинематографијата. Тие немаат никаква смисла и не следат никаква логика која обичниот човек би можел да ја замисли.

15. „The Life of David Gale“

Ова е можеби еден од најдобрите филмови на сите времиња кој ја претставува борбата на човекот со правниот систем. Одличната глума на Кевин Спејси ќе ве натера да не трепнете до самиот крај и да не можете да им верувате на сопствените очи...

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
10 одлични (и потресни) воени филмови инспирирани од вистински приказни и конфликти Dunkirk на Кристофер Нолан доби многу пофалби за реалистичниот приказ на амбицио...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 серии со непредвидливи пресврти (поради кои ќе сакате да ги изгледате уште еднаш) Популарната Squid Game, но и Behind Her Eyes – серија чиј крај никогаш не би го ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg