Викенд предлог: Филмови со вкусна храна во главната улога

Филмскиот викенд може да започне. Овојпат, сите љубители на филмовите со готвење и вкусна храна од која ќе ви потечат лиги, може да уживаат во некој од 5-те предлози, кои покрај извонредните приказни, имаат и одличен кастинг и фотографија.

Vikend_predlog_filmovi_so_hrana_1.jpg

Уживајте и имајте добра храна во близина, за секој случај...

Vikend_predlog_filmovi_so_hrana_2.jpg

Ratatouille (2007)

Неодлива приказна за мало слатко глувче, кое се здружува со несреќно момче кое нема поим како функционираат работите во кујна.

Нивното пријателство ќе резултира во создавање вкусни јадења, а анимираниот филм е доказ дека талентот за готвење понекогаш се крие во најнеочекуваните ликови.

Julie &Julia (2009)

Мерил Стрип ја овековечува најпозната американска готвачка Џулија Чајлд на филмското платно. Години подоцна, една сосема обична жена ќе добие идеја да ги направи сите рецепти од нејзиниот популарен готвач и да ги сподели на својот блог.

Две вистински приказни кои се испреплетуваат со омилените автентични вкусови на француската кујна.

Toast (2010)

Ривалството помеѓу синот и неговата маќеа кои се борат за вниманието на таткото ќе експлодира со стотици јадења на кујнската маса, кои ќе ве зашеметат со изгледот и инстантно ќе посакате парче пита со крем.

Филмот е инспириран од вистинската приказна на Најџел Слејтер, писател чија специјалност е токму храната.

The Hundred-Foot Journey (2014)

Хелен Мирен е готвачка со строга професионална етика која се бори за уште една Мишелин ѕвезда со која ќе го закити нејзиниот престижен ресторан. Плановите ќе ѝ ги помати доселувањето на гласното индиско семејство, кое отвара ресторан веднаш спроти нејзиниот.

Емотивна, комична и топла приказна за соништата и успехот.

Burnt (2015)

Бредли Купер ја толкува главната улога во филмот, кој ја следи гастрономската кариера на фиктивниот лик Адам Џоунс.

Откако ќе се најде на дното на листата на професионални готвачи и во животот воедно, Адам се враќа во Лондон со надеж за искупување на своите гревови, враќање на сјајната репутација и отворање на најдобриот ресторан со врвна храна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред, ...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 летни филмови што ќе ве расположат во топлите ноќи Ако сакате да се чувствувате како да сте во Грција, изгледајте го Mamma Mia!, до...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg