Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првиот трејлер за „Inferno“ со навистина интригантно прашање (видео)

„Дали би убиле половина од популацијата денес, за да го спасите човечкиот род од изумирање?“

Prviot-trejler-za-Inferno-so-navistina-intrigantno-prasanje-02

Ова е интригантното и моќно прашање кое го поставува првиот трејлер кој претставува екранизација на истоименото дело на познатиот Ден Браун.

По екранизацијата на „The Da Vinci Code“ во 2006-та и „Angels & Demons“ во 2009-та година, ова е трет бестселер кој ќе се појави на големото платно.

Режисерската палка повторно му е доверена на Рон Хауард, а симболистот Ленгтон (Том Хенкс) при решавањето на новата мистерија ќе добие помош од докторката Сиена Брукс (Фелисити Џонс).

Prviot-trejler-za-Inferno-so-navistina-intrigantno-prasanje-01

Ленгтон се буди во болница во Италија не знаејќи како и зошто стигнал таму, а докторката Сиена се обидува да му помогне во обидот да дознае што се случило.

Неговата лична потрага одеднаш станува потрга и по една друга мистерија која го води до познатото дело на Данте Алигиери и патување низ светот со цел одгатнување на неверојатна вистина за човештвото...

Погледнете го трејлерот кој ветува уште една фантастична екранизација на одличниот Ден Браун.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Потекнува од „обично“ семејство, нема искуство со глума: Кој е 15-годишниот актер кој „растури“ во с... „Моите браќа се електричари, мајка ми е негувателка, а татко ми работи во ИТ инд...
Номинации за Оскари 2025: Прва номинација за Деми Мур Аријана Гранде ја заработи првата номинација за улогата во Wicked, а во истата к...
10 одлични (и потресни) воени филмови инспирирани од вистински приказни и конфликти Dunkirk на Кристофер Нолан доби многу пофалби за реалистичниот приказ на амбицио...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Актери кои си ги загрозиле здравјето и животот со костимите во нивните филмови Кејт Винслет речиси ќе загинела на снимањето на Titanic кога нејзиното палто се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg