Денеска е интернационален ден на Шерлок Холмс

Воедно, ова е и роденденот на авторот, кој низ илјадници страници ги оживеа авантурите и изострениот ум на детективот со шапка и луле.

deneska-e-internacionalen-den-na-sherlok-holms_1.jpg

Шерлок Холмс се појавува како главен лик во неверојатни 60 приказни, кои авторот ги објавил во периодот од 1887 до 1927 година. Заедно со неговиот партнер, докторот Џон Вотсон, не постои загатка, ниту мистерија за која ексцентричниот Шерлок не може да пронајде решение.

Самиот лик на Шерлок е структуиран совршено – тој и ден-денес останува загатка и интригантен лик. Преку мајсторски исткаени заплети, невообичаени траги и опасни ситуации, ги следиме случаите низ очите на Шерлок, кој понекогаш е анти-херој, со не толку изразени емпатични, колку дедуктивни особини.

Авторот Дојл дури успеал да реши неколку вистински случаи, според методите со кои се служел неговиот фиктивен лик во романите.

deneska-e-internacionalen-den-na-sherlok-holms_6.jpg

Конан Дојл починал во 1930 година, а неговите последни зборови биле наменети за сопругата. „Прекрасна си“, и рекол мајсторот на детективски романи и мистерии на својата најголема љубов, оставајќи ни го богатството наречено Шерлок Холмс во наследство.

Она што е Херкул Поаро за Агата Кристи, тоа е Шерлок Холмс за Артур Конан Дојл.

Во чест на денешниот ден, ви ја предлагаме можеби најдобрата екранизација на Шерлок Холмс, истоимениот мини-серијал кој досега брои 3 сезони, во продукција на британската BBC1, едноставно насловена Sherlock.

deneska-e-internacionalen-den-na-sherlok-holms_3.jpg

Англискиот актер Бенедикт Камбербач го оживеа славниот детектив кој престојува на улицата Бејкер и прекуноќ ги освои симпатиите на сите Шерлок-фанатици со својата брилијантност. Мартин Фримен се појавува во улогата на верниот д-р Вотсон, а оваа модерна верзија на Шерлок ги возбуди фановите и успеа да го задоволи вкусот дури и на најпребирливите.

deneska-e-internacionalen-den-na-sherlok-holms_5.jpg

Многумина се согласуваат дека ова е најдобрата и највозбудливата филмска верзија на Шерлок Холмс.

Мини серијалот брои 3 сезони, а премиерата на следната е закажана за 2017 година.

Додека со нетрпение ја очекуваме, погледнете ги претходните 11 и уживајте во авантурите на Шерлок Холмс. Со сигурност нема да се одлепите од екранот и ќе останете гладни за уште.

deneska-e-internacionalen-den-na-sherlok-holms_4.jpg

90 минутно уживање со секоја епизода. Забавата може да започне.

Сезона 1

A study in Pink
The blind banker
The great game

Сезона 2

A Scandal in Belgravia
The Hounds of Baskerville
The Reichenbach Fall

Сезона 3

Many Happy returns
The Empty Hearse
The Sign of Three
His last Vow

+ бонус епизода – The Abominable Bride

Би можело да ве интересира:

Жени режисери кои доминираат во филмската индустрија и треба да ги знаете Светот ја зафати „розова треска“ поради филмот Barbiе во режија на единствената ...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg