Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те најдобри филмови на сите времиња според 385 светски реномирани режисери

Секои 10 години, британското списание „Sight & Sound“ спроведува анкета меѓу најдобрите светски режисери и критичари со цел составување листа на најдобрите филмови на сите времиња.

10-najdobri-filmovi-na-site-vreminja-spored-385-svetski-renomirani-reziseri-01.jpg

Во последната анкета оваа група на еминентни и ценети имиња вклучува режисери како Квентин Тарантино, Мартин Скорсезе, Вуди Ален, Френсис Форд Копола...

Според нив ова е листата на најдобри филмови кои никако не смеете да ги пропуштите:

1. „Tokyo story“

Филмот раскажува една трогателна приказна за постари родители кои одат во посета на децата кои не ги виделе со години.

Но, нивните деца всушност се премногу зафатени со своите животи и воопшто не се радосни заради посетата од родителите.

Филм кој ќе ве натера да се преиспитате што навистина вреди во животот.

2. „2001: A Space Odyssey“

Кои сме ние во вселената? Екипажот на „Discovery One“ треба да го дознае одговорот.

Извонредно сценарио на Стенли Кјубрик инспирирано од кратката приказна „The Sentinel“ на Артур К. Кларк.

3. „Citizen Kane“

Филм за Американскиот сон, како тој да се исполни и што тој всушност донесува.

Кејн, човекот опседнат со моќ и пари, на крајот ќе заврши речиси целосно уништен токму од својата опсесија.

4. „8½“

Гуидо, главниот херој на филмот, е филмски режисер кој работи на нов филм за преживувањето на човештвото после нуклеарна катастрофа.

Сетот е спремен, актерите се тука, но Гуидо одеднаш доаѓа до кративен ќорсокак и не знае ниту од каде да почне ниту каде да најде инспирација.

5. „Taxi Driver“

Тревис Бикел е воен ветеран кој работи како ноќен таксист. Гледајќи ја темната страна на градот секоја ноќ, решава да стави крај на сета таа нечистотија и да го исчисти градот од сè што смеа дека не е во ред.

6. „Apocalypse Now“

Најмоќниот филм кој ги прикажува сите ужаси на војната е дело на познатиот Френсис Форд Копола. Филм кој ќе го промени начинот на гледање на светот и неговата историја.

7. „The Godfather“

Не постои човек на планетава кој не слушнал за најозлогласеното американско семејство, кланот Корлеоне. Според многумина ова криминална драма може слободно да се нарече „модерна библија“.

8. „Vertigo“

Филм на Алфред Хичкок кој е основна алатка за самоистражување и разбирање на разликата меѓу илузијата и реалноста.

Филм за невозвратената љубов и идеалот за убавина, која главниот херој сака да ја претвори во реалност.

9. „The Seventh Seal“

Во 14-от век, 10 години по Крстоносните војни, витезот Антониус Блок и неговиот помошник се враќаат во татковината -Шведска.

Блок е изморен од животот и не гледа зошто да живее. Но, пред да умре сака да биде сигурен дека Господ навистина постои.

10. „The Bicycle Thief“

Филм кој ја опишува трагедијата на еден мал човек во огромниот свет. Велосипедот на главниот лик е украден, а тој бидејќи не може да работи без него, тргнува во потрага. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инспиративниот филм за деца „Победници“ пристига во домашните кино сали Скопје, 12 декември 2024 година – Германската инспиративна приказна за 11-годишн...
10 ретро хорор филмови кои и денес ни е страв да ги гледаме сами The Exorcist до денес важи за најстрашниот филм на сите времиња, а морничавата м...
10-те најдобри хорор серии на Нетфликс (кои ќе ве подготват за Halloween) Midnight Mass е една од најдобро рангираните серии на Нетфликс, додека Santa Cla...
10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg