Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20 брилијантни филмови кои гледачите ги обожаваат

Со толку многу содржини кои можеме да ги сретнеме на интернет, денес се чини дека постојано сме во потрага да најдеме нешто навистина вредно, нешто што ќе ни ги освои срцата и ќе нè натера навистина да го гледаме, со очите, но и умот и срцето.

top-20-brilijantni-filmovi-koi-publikata-gi-obozava-01.jpg

Понекогаш, токму од многубројните можности и неквалитетните содржини, ни се чини дека повеќе нема ништо што вреди да го погледнеме, но за среќа не е така.

Постојат филмови кои без разлика дали сте ги гледале или не, вреди барем овој викенд да ги ставите на листата на работи кои сакате да ги искусите:

1. „Spy Game“

Нејтан, пензиониран CIA агент открива дека неговиот штитеник, Том Бишоп е затворен во Кина и дека наскоро ќе биде погубен за шпионажа...

2. „The Station Agent“

Филм за предрасудите и како тие влијаат на оние кон кои се наменети, во овој случај, приказната зборува за едно џуџе кое било исмевано уште во детството.

3. „We Need to Talk About Kevin“

Ева, главниот лик, се откажува од сè, посебно од нејзините амбиции и кариерата за да го чува својот син со кој не се во најдобри односи.

4. „What Maisie Knew“

6-годишната Мејси нема родители кои се грижат за неа, туку живее со амбициозни луѓе кои се заинтересирани само за својата кариера...

5. „Dear Zachary: A Letter to a Son About His Father“

Шармантен документарец за врската помеѓу еден татко и син.

6. „The World’s Fastest Indian“

Во филмот станува збор за Берт Мунро, човекот кој 25 години од својот живот ги поминал во градење на најбрзиот мотор.

7. „Atonement“

Тинејџерка која потајно е вљубена во момчето на нејзината постара сестра го обвинува за дело кое не го направил, а поради кое завршува во затвор и подоцна во војска...

8. „What’s Eating Gilbert Grape“

Гилберт Грејп е млад човек кој живее со клинички дебела мајка и брат со посебни потреби во мал град, каде никогаш ништо не се случува...

9. „How to Change the World“

Во 1971-та година група на активисти во обид да спречат тестирање на нуклеарни бомби отпловиле во мал брод и станаа национални херои.

10. „Blackfish“

Зборува за вистинска приказна од 2010-та година кога еден тренер од „Sea World“ беше убиен од китот убиец, Тиликум.

Уште 10 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2025 (иако не се номинирани во главната категорија) Морничавиот The Substance што ѝ ја донесе првата номинација на Деми Мур, како и ...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата ки... Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Кинове...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
10 нови серии кои ќе ве држат „залепени“ за екранот до последната епизода BLack Doves за оние кои сакаат трилери или The Pitt за љубителите на медици...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg