Филмски адаптации кои се подобри од книгите

Да се направи успешна филмска адаптација на некоја книга отсекогаш се сметала за прилично тепка задача, бидејќи многу често гледачите знаат да изговорат: „Подобра беше книгата...“.

7-filmski-adaptacii-koi-se-podobri-od-knigite-01.jpg

Но, некои филмови, понекогаш се толку добро реализирани што се подобри и до самата книга, бидејќи ги доловуваат сите емоции, ситуации и доживувања на хероите и ве тераат да се почувствувате како навистина да сте влегле во нивниот свет.

Филмови кои целосно ја доловиле магијата на напишаниот збор:

1. „Forrest Gump“

Обидете се да ја прочитате новелата, а потоа и да го погледнете филмот. Веројатно ќе се согласите дека херојот на книгата е далеку послабо опишан во делото на Винстом Грум, отколку ликот кој е креиран преку добрата глума на Том Хенкс и режисерското водство на Роберт Земецкис.

2. „The Curious Case of Benjamin Button“

Филмот драстично се разликува од кратката приказна на Скот Фицџералд. Оригиналната приказна не го опишува така добро процесот на подмладување на Бенџамин Батон, а Дејвид Финчер открива мистерии кои останале неискажани во приказната на Фицџералд.

3. „The Shawshank Redemption“

Новелата „Rita Hayworth and Shawshank Redemption“ можеби не се смета за едно од најдобрите дела на Стивен Кинг, ниту како дело кое поставува сериозни прашања и ве преплавува со емоции, но затоа пак, послужила како одлична основа за креирање на еден од најдобрите филмови на сите времиња.

4. „The Great Gatsby“

„The Great Gatsby“ навистина претставува една од најдобрите новели, вистински книжевен класик и дело на познатиот американски писател Скот Фицџералд, но филмот како да додава „боја“ на приказната, успева да ги направи поискрени емоциите и да ве натера подобро да ги разберете протагонистите.

5. „The Painted Veil“

Книгата на Вилијам Сомерсет Мом се концентрира на главната хероина, Кити Гарстин и сите емоции кои таа ги доживува за луѓето околу неа. Но, режисерот Џон Куран и целиот негов тим се обиделе приказната да ја раскажат и пошироко од само носителот на приказната.

6. „Jaws“

Книгата на Питер Бенчли претставува само приказна за ајкула која тероризира еден мал град, но филмската адаптација од 1975-та година на Стивен Спилберг не само што стана популарна низ целиот свет како туку, сè уште се цени како еден од најдобрите филмови кои некогаш биле направени.

7. „Interview with the Vampire“

Интервју со вампирот е одличен американски хорор филм кој се базира на истоимената новела од Ен Рајс. Ако не сте ја прочитале книгата, не сте пропуштиле многу. Приказната на платното совршено е копирана од страница до страница на книгата. Истото важи и за главните ликови, личностите, костимите... Режисерот ја оставил недопрена приказната, со исклучок на крајот. Тука дава поразлични идеи, но кој може да каже дали е филмот или книгата подобра?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg