Викенд предлог: 9 филмови од 2016-та кои вреди да ги погледнете

9-pametni-filmovi-od-2016-koi-sigurno-ushte-ne-ste-gi-poglednale-01.jpg

Денес имаме многу голем избор на филмови кои можеме да ги погледнеме, стари или нови, никогаш им нема крај.

И додека поголемиот дел кои се добро рекламирани имаме можност да ги погледнеме, постојат и такви кои може да поминат незабележани, а се навистина добри и вреди да се погледнат.

Листата на 9 филмови од 2016, кои вреди да ги погледнете:

1. „Steve Jobs“

Животната приказна на еден од најголемите умови во светот чие име е познато на сите - Стив Џобс.

2. „The Hateful Eight“

Еден од подобрите филмови на Квентин Тарантино кој ја раскажува приказната за ловецот на награди Џон Рут за време на Граѓанската војна во Америка.

3. „The Big Short“

Приказна која се основа на вистински настан за неколку момци кои ја предвидоа глобалната економска криза во 2008-та година многу долго пред да се случи.

4. „Joy“

Џои целиот свој живот сонувала да биде успешна и среќна, но работите не се одвиваат онака како што посакува. Се разведува, станува самохрана мајка со работа за која не заработува многу...

5. „Solace“

ФБИ агенти се соочуваат со серија на убиства кои не можат да се објаснат.

6. „The Finest Hours“

Филмот се основа на вистински настани кои се случиле во 1952-та година. Станува збор за два брода кои носат гориво и за време на невреме полека почнуваат да тонат.

7. „How to Be Single“

Алис во потрага по нешто ново го напушта своето момче и на крајот останува сингл.

8. „Trumbo“

Се раскажува приказната на Далтон Трамбо, еден од најуспешните сценаристи на Холивуд кој завршува во затвор поради тоа што е комунист.

9. „Mr. Holmes“

Приказната за најпознатиот детектив, но овојпат раскажана откако се пензионира на стари години.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg