26 години подоцна: 13 непознати факти за зимскиот класик „Сам дома“

„Home Alone“ или „Сам дома“ е комедија на која не и треба посебно претставување, нема кој не ја знае или кој не ја гледал.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-001.jpg

Во неа се раскажува за смешно и паметно момче, Кевин, кое случајно е заборавено од своите родители и мисли дека неговата желба да биде само конечно се исполнува. 

Филмот е внесен и во Гинисовата книга на рекорди како еден од најголемите и најважните филмови на сите времиња.

Можеби сте го гледале филмот, но сигурно не ги знаете овие факти:

1. Девојката на Баз (постариот брат на Кевин) всушност не е девојка, туку синот на режисерот преправен да изгледа како дебела девојка. Режисерот не сакал да навреди тинејџерка со употреба на нејзина слика.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-1.jpg


2.
Актерот Џо Песци (кој го глуми крадецот Хери) заборавал дека снима семеен филм и често употребувал непристојни зборови. Режисерот го замолил истите да ги замени со „фрижидер“.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-2.jpg


3.
За да биде филмот пореалистичен, Џо сакал Меколи Калкин да се плаши од него, па надвор од снимањето ретко се гледале. Еднаш дури и случајно го повредил момчето кога вежбале сцена во која заедно со другиот крадец го закачуваат на кука.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-3.jpg


4.
Филмот „Angels With Filthy Souls“ кој го гледа Меколи не е вистински филм, туку е снимен специјално за Сам дома.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-4.jpg


5.
Моментот кога тарантула лази на лицето на Марв е вистински. Актерот Даниел Стерн морал да молчи и да ја прави гримасата за да не ја исплаши тарантулата, а гласот бил додаден подоцна.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-5.jpg


6.
Филмот речиси цел е снимен во Чикаго. Аеродромот кој е прикажан како да е во Париз, всушност е аеродромот „O’Hare“ во Чикаго, а луксузните седишта од бизнис класата се поставени на терен за кошарка.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-6.jpg


7.
Адресата на домот каде живее Келвин е „671 Lincoln Avenue“ во Илиноис. Куќата е продадена во 2011-та година за $2.4 милиони долари.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-7.jpg


8.
Улогата на Хери, оригинално била понудена на Роберт де Ниро и Џон Ловиц, но ја одбиле.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-8.jpg


9.
Киран, вистинскиот брат на Меколи, во филмот го глуми братучедот на Кевин кој постојано уринира во кревет.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-9.jpg


10.
Рекордерот кој го употребува Кевин не бил вистински, но по филмот многу луѓе посакале да го купат, па бил направен и пуштен во продажба.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-10.jpg


11.
Многу луѓе се убедени дека Елвис Присли се појавува во филмот. Оние кои се цврсто убедени дека Кралот на рокот сè уште живее, тврдат дека тој се појавува во сцената на аеродромот.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-11.jpg


12.
Стаклените декорации на кои стапнува Марв всушност се направени од бонбони.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-12.jpg


13.
Меколи навистина ја нацртал мапата каде се покажува каде ги сокрил сите стапици во домот.

13-tajni-za-filmot-sam-doma-13.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg