Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер

Култниот Halloween, но и морничавиот The Thing - кои се најдобрите хорор филмови на Џон Карпентер, режисерот кој се истакнува во овој жанр?

najdobrite-horor-filmovi-na-rezhiserot-dzhon-karpenter-01.jpg

Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својата кариера во средината на 1970-тите, кога снимил неколку нискобуџетни филмови, од кои најмногу се истакнал „Halloween“.

Во наредните децении имал неколку успешни соработки со актерот Курт Расел. Во текот на 90-тите години продолжил да снима филмови, но со значително помал успех.

Покрај режијата, Карпентер бил одговорен за сценариото и за музиката на повеќето од неговите филмови.

Ова се најдобрите филмови на Џон Карпентер што оставиле голем белег врз филмската историја:

Assault on Precinct 13 (1976)

Ова е вториот долгометражен филм на Карпентер. Се работи за акциски трилер за полицајци и затвореници во Лос Анџелес кои се принудени да ја бранат локалната полициска станица од банда одмаздници.

Денес се смета за култен филм, а во 2005 година е снимена адаптација со Итан Хок и Лоренс Фишбурн во главните улоги.

Big Trouble In Little China (1986)

Курт Расел игра главна улога во овој акциски филм со елементи на фантастика. Тој е возач на камион, кој ќе се вмеша во конфликтот меѓу бандите и тајните друштва во кинеска населба во Лос Анџелес.

Овој филм не постигнал голем успех во 80-те, но како и многу други филмови на Карпентер, истиот стекнал подобра репутација во наредните години.

Escape From New York (1981)

Ова е постапокалиптичен научно-фантастичен филм. Дејствието се одвива во блиска иднина во Њујорк (во 1997 година), времето кога земјата станала преплавена со криминал, а островот Менхетн го изгубил стариот сјај и сега е голем затвор.

Кога терористите ќе го киднапираат американскиот претседател и ќе го однесат на оваа локација, Курт Расел, кој глуми поранешниот специјалец, треба да го спаси.

The Thing (1982)

Се работи за адаптација на познатиот роман на Џон В. Кембел. Ова е приказна за група американски истражувачи на Јужниот Пол кои имаат блиска средба со суштество од друга планета.

Ова суштество има моќ да се трансформира во други организми, како и во членовите на експедицијата.

Главната улога во овој хорор повторно ја толкува Курт Расел.

Halloween (1978)

Приказната за психопатот што ги брка младите луѓе во еден мал град во Америка денес е клише, но не смееме да заборавиме дека овој филм бил многу популарен во своето време, а и самиот хорор жанр станал популарен поради него.

Снимен е за само 325.000 долари, а заработил околу 70 милиони долари ширум светот. Со текот на годините се снимени неколку продолженија и адаптации, но првиот филм е сè уште ремек-дело.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg