Култни филмови кои наполнија 20 години во 2020-та

Почетокот на 2000-тите беше одличен период за филмови. Всушност, во 2000-та година се појавија некои од најдобрите филмови во изминативе две децении.

kultni-filmovi-koi-kje-polnat-20-godini-vo-2020-01.jpg

Сигурно ги знаете повеќето од овие филмови, но веројатно не сте ни помислиле дека се стари цели дваесет години.

Ако сакате да си го освежите сеќавањето, или само ви треба предлог за филм, изгледајте ги филмовите кои во 2020-та наполнија 20 години:

Gladiator

Оваа епска драма имаше седум номинации за Оскар, а освои дури пет. Главните улоги им припаѓаат на Расел Кроу и Хоакин Феникс, па не е ни чудно што филмот е полн погодок.

Cast Away

Том Хенкс си заработи Златен Глобус за улогата во Cast Away, но и номинација за Оскар. Во филмот тој глуми маж, кој после авионска несреќа завршува на пуст остров, па мора да најде начин да преживее.

X-Men

И серијалот X-Men полни 20 години! Ова е филмот што ја започна франшизата која денес ја сочинуваат 13 филмови, вклучувајќи го и The New Mutants, чија премиера допрва ја чекаме.

Miss Congeniality

Можеби критичарите не беа воодушевени, но публиката не остана рамнодушна на забавната Сандра Булок. Овојпат актерката е во улога на ФБИ агентка која оди на тајна мисија, пријавувајќи се на натпревар за убавина.

Meet the Parents

Ова е уште една комедија што сигурно ви е гледана неколкупати. Дефинитивно омилениот лик на сите е строгиот татко, кој го глуми никој друг, туку незаменливиот Роберт де Ниро.

How the Grinch Stole Christmas

Џим Кери е актерот кој го оживеа Гринч, ликот од познатата истоимена книга за деца на Доктор Сус. Со оглед на тоа што наближува Божиќ, време е да го ставите на вашата листа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg