Култни филмови што наскоро ќе нè израдуваат со ново продолжение

Последниве неколку години, римејковите и продолженијата на постоечките филмови станаа навистина популарни.

kultni-filmovi-koi-naskoro-kje-ne-izraduvaat-so-novo-prodolzhenie-01.jpg

Дизни веќе направи неколку римејкови на нивни постари цртани филмови, а видовме и многу продолженија на филмски серијали.

И во блиска иднина, и покрај целата збрка со корона вирусот и пролонгирањето на премиерите, сепак ќе имаме можност да погледнеме неколку вакви филмови.

Погледнете кои популарни филмови наскоро ќе нè израдуваат со ново продолжение:

No Time to Die

Ова ќе биде 25-тиот филм од серијалот со Џејмс Бонд, а во главната улога уште еднаш ќе го гледаме Даниел Крег. Агентот 007 повторно се враќа на работа, овојпат обидувајќи се да го спаси светот од мистериозниот негативец и некоја нова и опасна технологија.

Ова е петтиот филм за Џејмс Бонд со Даниел Крег, а најверојатно ќе биде и неговиот последен.

Премиера: ноември 2020

Wonder Woman: 1984

Ова ќе биде вториот филм за познатата хероина каде што главната улога ѝ припаѓа на Гал Гадот. Дејството ќе биде сместено во 80-тите, и приказната нема да биде поврзана со настаните од првиот филм.

Наводно, името на филмот е инспирирано од позната дистописка новела на Орвел - „1984“.

Премиера: август 2020

Top Gun: Maverick

Три децении по премиерата на првиот Top Gun филм, Том Круз уште еднаш ќе ја репризира неговата улога.

Овојпат, неговиот лик ќе биде инструктор, а покрај него, во филмот ќе се појави и неверојатната Џенифер Конели.

Премиера: 23 декември 2020

Ghostbusters: Afterlife

Продуцентите на филмот изјавија дека ова продолжение ќе нема никаква врска со Ghostbusters од 2016-та, кој се соочи со многу лоши критики.

Веројатно ова ќе биде вистина, бидејќи на новото продолжение работи авторот од првите два дела, кои беа вистински хит.

Премиера: 5 март 2021

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg