Потценети и помалку познати серии кои го заслужуваат вашето внимание како и многу популарните

Доколку сте од оние на кои им се ежи кожата од популарните серии за кои сите непрестајно зборуваат (како La Casa De Pale, Game Of Thrones, Breaking Bad итн.), и сте во потрага по серии кои ретко кој ги знае, а се одлични, ние ги имаме вистински предлози за вас:

Potceneti-i-pomalku-poznati-serii-01.jpg

Upload

Нејтан Браун ненадејно умира и има можност неговата свест да се аплоудира во дигитален свет каде што ќе живее практично засекогаш. Но, таму открива дека дел од неговите спомени се избришани. Дали некој се обидел намерно да му го одземе животот?

Dollface

Џулс ја раскинува 5-годишната врска со своето момче Џереми и сфаќа дека нема ниту една пријателка, затоа што сето време го поминувала само со него. Во обидот повторно да се зближи со нив, таа се открива себеси.

The End of the F***ing World

Џејмс и Алиса се 17-годишни аутсајдери кои тргнуваат на заедничко патување со цел да го најдат таткото на Алиса кој го напуштил семејството кога таа била сè уште малечка.

Flowers

Оваа мрачна комедија го следи животот на семејството Flowers. Морис е автор на детски книги, а неговата сопруга Дебора е професор по музичко. Нивната врска е комплицирана, бидејќи секој крие мрачни тајни и се бори со сопствените демони.

Lovesick

Дилан, момче во третата деценија од животот кој е мошне сексуално активен, дознава дека има сексуално пренослива болест. Тој треба да им се јави на сите девојки со коишто спиел за да им ја соопшти веста и да се соочи со нив.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg