Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Вистината за Бади“ - краток игран филм од средношколците во Гевгелија за моќта на една медиумска кампања

„Вистината за Бади“ e краток, средношколски игран филм, во кој ја гледаме моќта на една медиумска кампања и една еднострана вистина, како придонесуваат за потенцијална животна штета врз маалскиот миленик Бади.

vistinata-za-badi-kratok-igran-film-od-srednoshkolcite-vo-gevgelija-za-mokjta-na-edna-mediumska-kampanja-01.jpg

Филмот е во продукција на Центар за едукација, култура и активизам Мултус, Гевгелија и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и е работен како дел од проектот „Сите вистини на вестa“.

- Филмот го работевме со голем ентузијазам од вклучените средношколци. Оваа активност беше вметната во проектот со 2 цели – да се прикаже потенцијалната штета на медиумските манипулации и да се даде шанса на гевгелиските средношколци да се вклучат во ваков предизвик и да создадат филм. Се надеваме дека некој од нив ќе остане со овој интерес и дека ќе го одбере токму овој правец за своја кариера – изјавуваат од Центар Мултус.

Проектот „Сите вистини на веста“ е дел од проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Еуротинк - Центар за европски стратегии.

Филмот ќе ја има својата online премиера во среда, на 24 јуни, во 18:00 часот, на официјалната ФБ фан страна на Центар Мултус. https://www.facebook.com/MultusCentar

Подолу може да го погледнете и трејлерот за филмот кој го изработија средношколците:

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg