Премиера на краткиот филм „Вистината за Бади“ работен од средношколци од Гевгелија (видео)

Денес, среда 24 јуни,  со почеток во 18:00 часот се одржа online премиера на краткиот, средношколски игран филм „Вистината за Бади“.

objaven-e-kratkiot-film-vistinata-za-badi-raboten-od-srednoshkolci-od-gevgelija-video-01.jpg

„Вистината за Бади“ е краток филм, работен од средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, а во продукција на Центар за едукација, култура и активизам МУЛТУС од Гевгелија.

Филмот ја следи приказната на две школски другарчиња кои се грижат за маалски миленик, но, по еден телевизиски прилог, кој е дел од цела кампања, маалскиот миленик го снемува.  Децата се борат да си го вратат.

Целта на оваа приказна е да се прикаже штетата од нецелосните вистини прикажани во медиумите, едностраните приказни и пристрасни кампањи.

- Направивме една маалска приказна, со куче, за да биде гледливо, а и самите тие доста страдаат токму од такви невистини. Но, ситуациите прикажани во филмот се апликативни во многу сфери. Медиумот сѐ уште ја има најголемата моќ, без разлика преку кој канал се спроведуваат или примаат вестите.

Доста често, таа моќ е манипулирана во различни форми – некогаш е пристрасна кампања, некогаш е испревртена вистина, наречена спин, некогаш е целосна невистина. Важно е да научиме да ги препознаваме ваквите манипулации, за да изградиме наше мислење на нештата и да го развиваме нашето критичко размислување – изјава од Центар Мултус.

За овој филм е ангажирана само професионална сценаристка, Ева Камчевска и супервизија од монтажер и режисер, Шенол Мехмед. Сите останати сектори ги одработиле децата.

Во филмот учествуваат Бојана Марковска, Мартин Костадинов, Лазар Аризанов и Живко Сеизов како актери, директор на фотографија и главен снимател е Мартин Стојанов, а втората камера ја ракуваше Лазар Аризанов, шминката е на Тијана Дагалева. Во процесот на пост-продукција сите учесници имаа поделени обврски – од монтажа до превод на англиски и адаптација. Бади е домашен миленик, кој соработувал за потребите на филмот.

- Пријатно сме изненадени од нивните прешироки познавања, но најважно од сѐ – колку се исполнителни и кооперативни.

Би сакале да ги охрабриме сите ентитети кои се во можност да ги предизвикуваат учениците на ваков начин. Научија две паралелни работи – и работа на филм и медиумска манипулација преку лично искуство. А и доста се забавуваа. – изјава од Центар Мултус.

Краткиот средношколски филм „Вистината за Бади“ е дел од проектот „Сите вистини на веста“, кој го спроведува Центар за едукација, култура и активизам МУЛТУС, Гевгелија, во рамките на проектот финансиран од Европската унија „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии.

Филмот можете да го погледнете на следниот линк:

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg