Џеки Чен – 142 улоги: Славни актери и актерки кои во нивната кариера снимиле над 100 филмови

Филмовите и сериите навистина имаат моќ да го задржат нашето внимание.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-01.jpg

За ова, покрај приказните и заплетете во нив, од голема важност е и изведбата на актерите. А, некои актери и актерки се покажале како толку добри, што Холивуд постојано има работа за нив.

Погледнете кои актери и актерки се појавиле во над 100 филмови во нивната кариера:

Бет Дејвис – 123 улоги

Бет ја градеше актерската кариера во период кога во филмската индустрија владееја мажите. Таа е родена во 1908-ма, а ја започна кариерата на 21 година, на Бродвеј.

Откако потпиша договор со Warner Bros. за филмот The Man Who Played God, таа стана огромна ѕвезда, а подоцна си заработи и Оскар.

Со вкупно 123 улоги, Бет стана и најплатената жена во Америка. За жал, таа почна во 1989-та од рак на дојката.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-02.jpg

Џуди Денч – 128 улоги

Џуди е родена во 1934-та, а кариерата ја започна како театарска актерка. Првата филмска улога ја доби во 1964-та, а оттогаш се има појавено во 128 филмови.

Таа има освоено Оскар, BAFTA, Златен Глобус и безброј дури филмски награди.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-03.jpg

Ентони Хопкинс – 137 улоги

Роден во 1937-ма, Ентони стана еден од најбараните актери во Холивуд. И тој ја започна кариерата во театар во 60-тите, а првпат се појави на филмското платно во 1967-ма.

Улогата во Silence of the Lambs му донесете и Оскар, а досега тој се има појавено во речиси 140 филмови.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-04.jpg

Џеки Чен – 142 улоги

Џеки Чен е роден во 1954-та и покрај актерството, тој е познат и по боречките вештини. Тој стана дел од филмската индустрија во 1970-тите, појавувајќи се во неколку филмови со Брус Ли.

Кога се сети да направи комбинација од боречки вештини и комедија, актерот стекна светска слава. Во 2016-та, тој доби почесен Оскар за неговото творештво и се има појавено во 142 филмови.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-05.jpg

Сузан Сарандон – 161 улога

И на 73 години, Сузан сè уште е активна на филмската сцена. Првата улога ја доби во 1970-та, а 12 години подоцна си заработи и номинација за Оскар.

Актерката се има појавено во дури 161 филм.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-06.jpg

Мајкл Кејн – 176 улоги

Мајкл е роден во 1933-та, а најпрво работел во театар и телевизија.

Откако стана филмски актер, па до денес, тој се има појавено во 176 филмски проекти, а има освоено Оскар и Златен глобус.

dzheki-chen-142-ulogi-slavni-akteri-i-akterki-koi-vo-nivnata-kariera-snimile-nad-100-filmovi-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg