Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Заробени во истиот ден“ – 10 филмови чии главни ликови го преживуваат истиот ден, одново и одново

ARQ

Пар е заробен во лабораторија и го живее истиот ден одново и одново, додека се обидува да ја зачува новооткриената енергија која може да го спаси човештвото.

Run Lola Run

Лола има само 20 минути да му однесе 100.000 марки на нејзиното момче или тој ќе ограби продавница. Гледаме 3 различни сценарија како се одвива ситуацијата, во зависност од тоа кого Лола ќе сретне и што ќе се случи.

Haunter

Духот на млада девојка е „заглавен“ на денот кога таа и нејзиното семејство се убиени. Сега таа има мисија – да го спречи серискиот убиец да ѝ го направи истото на друга млада девојка.

Source Code

Колтер Стивенс е пилот во армијата кој се буди во нечие туѓо тело. Тој има специјална мисија – само неколку минути да го открие човекот кој поставил бомба во возот кој се движи низ Чикаго.

Groundhog Day

Фил, самобендисан репортер кој мрази речиси сè во животот, заминува со ТВ екипата да известува настан во мало гратче. Кога се буди, сфаќа дека го преживува истиот ден, во истото гратче, со истиот настан, одново и одново без престан.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg