10 одлични, мрачни комедии кои ќе ви го „свртат“ паметот

Има нешто особено привлечно во комедиите кои во себе вклучуваат елементи на изненадување. Оние коишто се проткаени со крими или хорор моменти, а сепак го задржуваат хуморот во себе се на врвот на нашиот список за гледање.

10-odlicni-mracni-komedii-01.jpg

Овој пат одбравме 10 одлични филмови од овој жанр кои нема да ве разочараат:

The Ballad of Buster Scruggs (2018)

6 кратки, различни приказни се вклопени во една целина во режија на браќата Коен. Сите се случуваат во 19 век по Граѓанската војна во стариот запад.

Cheap Thrills (2013)

Грег и Винс се пријатели, но пријателството ескалира по неколку облози помеѓу нив. Предизвиците одат многу подалеку отколку што и двајцата замислување.

Bernie (2011)

Берни е сопственик на погребално претпријатие во мало гратче. Тој ќе се спријатели со богатата вдовица Марџори. Но, кога ќе му „скисне“ дружбата со неа и нејзината посесивност, тој одлучува да се ослободи од неа.

The Nice Guys (2016)

Лос Анџелес, 1970-тите. Двајца приватни детективи кои се сосема различни го истражуваат исчезнувањето на млада девојка и убиството на една порно ѕвезда.

Seven Psychopaths (2012)

Писател кој има проблем со инспирацијата ненадејно се вплеткува во опасна ситуација кога неговите чудни пријатели ќе го киднапираат миленичето на опасен криминалец.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg