Летни филмови со кои во мислите ќе се телепортирате на плажа

Како што во зима сите им се радуваме на „новогодишните“ и „божиќните“ филмови, летото е резервирано за филмови чие дејство е сместено покрај море, океан, езеро…

odlichni-letni-filmovi-shto-kje-vi-ja-zadovolat-potrebata-za-plazha-01.jpg

Поради пандемијата, огромен број луѓе летово нема да видат плажа, a ако и вие спаѓате овде, овие филмови ќе ви помогнат барем на момент да се почувствувате како да сте покрај вода:

Mamma Mia!

Снимен на остров во Грција, овој мјузикл ќе ве натера да помислите дека и вие сте на некоја плажа.

Една од главните улоги ѝ припаѓа на Мерил Стрип, а во филмот ќе слушнете и дел од најдобрите хитови на ABBA.

The Other Woman

Во овaа комедија главните улоги им припаѓаат на Камерон Диаз, Лесли Ман и Кејт Аптон. Трите жени ќе сфатат дека се во врска со ист маж, па одлучуваат да му се одмаздат и да се соочат со него на Бахамите.

Овој филм ќе ве „прошета“ низ некои од најубавите плажи во светот и дефинитивно ќе ви го подобри расположението.

The Last Song

Дејството на овој романтичен филм е сместено на брегот на Австралија, а главните улоги им припаѓаат на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт.

Филмот е снимен според истоимената книга на Николас Спаркс и ја раскажува слатката љубовна приказна на Рони и Вил.

https://www.youtube.com/watch?v=vZH0Nf4KLBo

Forgetting Sarah Marshall

Откако Питер ќе раскине со неговата девојка, одлучува да оди на патување што ќе му помогне да ја преболи. Па така, тој и неговите пријатели се упатуваат кон Хаваи.

Но, местото исполнето со убави жени и забави до утринските часови наскоро ќе се претвори во негов пекол.

Aquamarine

Иако ова е филм направен за помлада публика, до денес останува еден од најпопуларните летни филмови.

И овој филм ќе ви овозможи да „отпатувате“ до плажите во Австралија, но и да уживате во пријателството на една сирена и две девојки.

The Beach

Ова е филмот што ги прослави плажите во Тајланд и е задолжителен секоја летна сезона.

Главниот лик, кој го глуми Леонардо ди Каприо, пристигнува на скриен остров во Тајланд, надевајќи се дека ќе најде подобар живот. Но, набрзо сфаќа дека ни таму нештата не се совршени како што изгледаат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg