Научно фантастични филмови во кои науката навистина „држи вода“

Научната фантастика е жанр што ни помага да си ја замислиме иднината, но, неретко, науката во овие филмови и книги е бесмислена.

nauchno-fantastichni-filmovi-vo-koi-naukata-drzhi-voda-01.jpg

Сепак, понекогаш, авторите и режисерите обрнуваат толку внимание на веродостојноста на науката, што успеваат и да ги предвидуват направите што ќе ги користиме.

Ако ви е преку глава од научно фантастични филмови во кои науката нема никаква смисла, тогаш дајте им шанса на овие:

The Martian

Филмот од 2015-та е направен според истоимената книга на Енди Вир и раскажува за патешествијата на астронаутот Марк, кој е заглавен на Марс. После силна марсовска бура - која е можеби единствениот нереален дел од филмот - тој останува потполно сам на црвената планета и мора да најде начин да преживее, до доаѓањето на спасувачката екипа.

Многумина тврдат дека ова е најреалистичниот филм кога станува збор за наука, најмногу бидејќи и авторот на книгата, и режисерот на филмот, се консултирале со НАСА.

2001: A Space Odyssey

Ремек-делото на Кјубрик може да биде тешко за гледање, но сè што ќе видите во него има потенцијал да биде вистинито. Филмот раскажува за експедиција до Јупитер, каде што астронаутите патуваат со вселенски брод управуван од вештачка интелигенција.

Иако сме далеку од експедиција до Јупитер, овој филм предвиде многу технологии, како видеоповици, таблети, виртуелни асистенти, па дури и употребата на вештачката интелигенција. Важно е да се напомене дека филмот е од далечната 1968-ма, период кога луѓето не ги ни замислувале овие технологии.

Moon

Во овој филм човештвото веќе користи ресурси од Месечината, па една компанија има база за ископување на изотопот хелиум-3. Главниот лик, Сем Бел, е единствениот човек на базата и треба да остане таму три години. Единственото друштво што го има е роботот Герти, кој е програмиран да го заштити.

Интересно е што научната заедница го потврди постоењето на хелиум-3 и веќе постојат шпекулации дека во иднина можеби ќе се користи како извор на енергија. А, и користењето ресури од други небесни тела е стара идеја, за која се верува дека наскоро ќе стане реалност.

Minority Report

Дејството на филмот е сместено во 2054-та, во свет каде што полицијата може да ги види криминалните дела уште пред да се случат, па така и ги спречуваат. Еден ден тие гледаат дека еден од нив ќе изврши убиство.

Филмот изобилува со многу технолошки направи кои тогаш, во 2002-ра, не постоеја, но и многу кои можат да станат реалност. Една од нив е и технологијата Kinect од 2010-та, која беше развиена за Xbox – направа која го следи вашето движење, со тоа овозможувајќи интеракција со интерфејсот.

Interstellar

Ова е едно од поамбициозните дела на Кристофер Нолан и иако е фантазија, сè што се случува во филмот „држи вода“.

Приказната е за пилот од НАСА, Џозеф Купер, кој оди на мисија да најде друга планета за човештвото.

Во филмот се спомнати црните дупки и црвјите дупки, кои се опишани со неверојатна прецизност. Правилата што важат за нив и во реалноста звучат како фантазија, но Нолан се консултирал со теоретскиот физичар Кип Торн, па речиси сè што ќе слушнете во филмот е научен факт. Всушност, дури и за изгледот на црната дупка во филмот, Нолан користел научни претпоставки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg