10 одлични „stop motion“ филмови кои вреди да ги изгледате

Le Petit Prince

Овој француски филм е можеби најдобрата адаптација на истоимената книга.

Главниот лик во филмот е мало девојче кое е под постојан притисок од мајка ѝ, која веќе ѝ направила план за целиот нејзин живот. Откако таа и мајка ѝ ќе се вселат во нова куќа, девојчето се спријателува со новиот сосед - чуден пилот кој почнува да ѝ зборува за неговите патешествија и за Малиот принц.

Kubo and the Two Strings

Овој филм ја раскажува приказната на Кубо – младо момче кое тргнува на мисија да го спаси неговото семејство, но и да ја разоткрие мистеријата за неговиот татко самурај.

Кубо мора да се соочи со богови и чудовишта, а единствената помош што ја има е неговиот волшебен музички инструмент.

https://www.youtube.com/watch?v=vex0gPFnBvM

Isle of Dogs

Ова е филм на познатиот Вес Андерсон, во кој главните ликови се неколку кучиња.

Дејството е сместено во иднината, во дистописка Јапонија, каде што почнува да се шири некаков кучешки грип. Бидејќи вирусот може да се пренесе и на луѓе, градоначалникот одлучува да ги протера сите кучиња на еден остров.

Anomalisa

Главниот лик, Мајкл Стоун, знае како да ги мотивира другите, но неговиот живот станува сè подосаден и помонотон. Нештата се менуваат кога ја запознава Лиса – жена што, на некој начин, му ја враќа желбата за живот. Тогаш, Мајкл одлучува да остави сè зад себе и да се обиде да си ја најде среќата со Лиса.

Mary and Max

Оваа слатка приказна нема да ве остави рамнодушни.

Во филмот се раскажува за необичното пријателство „на далечина“ помеѓу две потполно различни личности – 8-годишно осамено девојче и 44-годишен маж со прекумерна телесна тежина.

Девојчето Мери живее во Австралија, кога еден ден здогледува телефонски именик за Њујорк. Љубопитноста ја тера да го разгледа именикот, и случајно ја одбира адресата на Макс, па одлучува да му напише писмо.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg