10 одлични, оригинални филмови на Нетфликс кои вреди да ги изгледате

Време е за женската верзија на Шерлок Холмс, односно Енола Холмс. Во главната улога е 16-годишната Мили Боби Браун, која ни е позната по улогата во хит-серијата Stranger Things.

10-originalni-filmovi-na-Netfliks-01.jpg

Покрај овој, Нетфликс ни нуди уште многу одлични филмови во нивна продукција, а ние ги додадовме и следните 9:

Enola Holmes

Кога Енола, помладата сестра-тинејџерка на Шерлок Холмс дознава дека нивната мајка е исчезната, таа тргнува во опасна мисија за да ја пронајде. Со нејзината мудрост и итрина успева да го надмине дури и познатиот Шерлок.

The Paramedic

Миленикот на публиката, особено на женскиот пол, шпанскиот актер Марио Касас се враќа со морничав трилер. Анхел работи во службата за итна помош. По трагичната несреќа неговиот живот добива сосема поинаков тек. Тој започнува да се сомнева во неговата партнерка …

https://www.youtube.com/watch?v=9MAKFZixbvk

The Devil All the Time

Младо момче има само една мисија: да ги заштити сите свои сакани, во градот во кој владее зло и корупција.

The Social Dilemma

Во најновиот документарен филм на Нетфликс се открива другата димензија на светот на технологијата и популарноста на социјалните мрежи – онаа која нè претвора во зомбија, фабрикувајќи ја реалноста во којашто живееме.

The Babysitter: Killer Queen

Две години откако Кол ќе го преживее сатанистичкиот култ предводен од неговата дадилка, започнува новиот кошмар наречен средно училиште. Дали ќе може да ги победи демоните во вториот дел од филмот?

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg