10 најочекувани филмови за 2020 по месеци – што изгледавте, а што пропуштивте досега?


10 најочекувани филмови за 2020 по месеци – што изгледавте, а што пропуштивте досега?

Имавме апсолутно неверојатна филмска година исполнета со одлични наслови. Секој месец досега донесе нови изненадувања од седмата уметност, меѓу кои и неколку одлични анимирани филмови кои се најдоа на списокот.

10-najocekuvani-filmovi-2020-po-meseci-01.jpg

Обожавателите секој месец будно ги очекуваа овие филмови… колку од нив успеавте да изгледате, а што пропуштивте? Пред нас е продолжен викенд, време е да го надоместите испуштеното:

Јануари – The Gentlemen

Последниот филм на Гај Ричи прикажува американски иселеник којшто се обидува да ја распродаде својата високопрофитабилна империја за марихуана во Лондон, предизвикувајќи хаос од заговори, мито и уцени.

Февруари – The Invisible Man

Поранешното насилно момче на Сесилија си го одзема животот и ѝ го остави своето богатство. Но, таа се сомнева дека неговата смрт е измама. Наскоро почнува да се сомнева дека тој ја прогонува.

Март – Onward

Иан и Барли се враќа – елфови кои се обидуваат да го вратат својот починат татко во живот на само еден ден. Започнува нивната неверојатна авантура исполнета со многу хумор и љубов.

Април – Trolls World Tour

Кога кралицата на хардрок троловите се обидува да ги преземе сите кралства, кралицата Попи и нејзините пријатели се обидуваат на различни начини да ги спасат сите тролови.

Мај – The Lovebirds

Пар во долгогодишна врска се соочува со криза и решава да раскине. Но кога ненамерно се вплеткуваат во мистерија со убиство, двајцата започнуваат да ги гледаат работите од поинаква перспектива.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 филмови кои направија најмногу пари во 2018-та Додека повеќето се жалат дека во последно време нема добри филмови и дека само с...
Ќе останувате дома за Нова година? Предлог серии кои ќе ги изгледате во една ноќ Да се остане дома за Нова година воопшто не е најтрагичното нешто коешто може да...
Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен? Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.&nbs...

Најчитани неделава