Постари филмови кои го издржаа тестот на времето и вреди да ги изгледате

Пред пандемијата, Холивуд беше доста активен, па секоја година се снимаа стотици нови филмови.

postari-filmovi-koi-go-izdrzhaa-testot-na-vremeto-i-vredi-da-gi-izgledate01.jpg

Но, повеќето од нив се или лоша адаптација, или приказни без некој посебен заплет. Истовремено, дејствата на многу од новите филмови изгледаат површно и сигурно нема да ве натера да размислувате.

Ако и вам не ви се допаѓаат поновите филмови, тогаш зошто да не им обрнете внимание на класиците?

Во продолжение погледнете неколку одлични постари филмови кои го издржаа тестот на времето и сигурно ќе ве натераат да размислувате:

One Flew Over the Cuckoo’s Nest (1975)

Со цел да избегне затвор, Ренди Мекмарфи изјавува дека е ментално нестабилна личност, па го затвораат во институција. Но, таму тој станува сведок на лошиот третман на пациентите, особено од озлогласената медицинска сестра Рачет. Ренди одбива да ги слуша нејзините заповеди, им помага на другите пациенти, па дури и почнува да планира бегство.

Филмот, во кој главната улога ја има Џек Николсон, има неверојатна приказна, а крајот сигурно ќе ве остави без зборови.

The Silence of the Lambs (1991)

Кларис Стерлинг е млад FBI агент кој се обидува да фати сериски убиец. За да успее во тоа, таа се консултира со Ханибал Лектор – сериски убиец кој сега е зад решетки.

Ентони Хопкинс е еден од главните ликови во филмот и иако сите негови сцени заедно траат едвај 16 минути, долго ќе ја помните неговата изведба.

American Beauty (1999)

Ова е навистина контроверзен филм и ја раскажува приказната за еден средовечен маж кој се соочува со криза во животот. Главната улога му припаѓа на Кевин Спејси и иако на моменти филмот е вознемирувачки, ќе ви го задржи вниманието до самиот крај.

Овој филм веќе се смета за класика и за него се зборува и до денес.

Silver Linings Playbook (2012)

Главниот лик, кој го глуми Бредли Купер, оди да живее кај неговите родители откако му завршува престојот во ментална институција. Тој се обидува да си го врати животот во нормала и се надева дека ќе се смири со поранешната сопруга. Но, сосем случајно ја сретнува Тифани, девојка со нејзини необични проблеми, па животот му тргнува во неочекувана насока.

Оваа необична приказна ги избегнува сите клишеа што ги гледаме во романтичните драми и одлично ги доловува проблемите со кои се соочуваат семејствата.

Taxi Driver (1976)

Овој психолошки трилер е режиран од Мартин Скорсезе, а главната улога ја игра Роберт Де Ниро.

Тревис Бикл е поранешен маринец и ветеран од Виетнамската војна кој има несоница. За побрзо да му минат бессоните ноќи, тој вози такси низ Њујорк, гледа порно филмови и размислува за животот. Но, откако запознава малолетна девојка која е проститутка, си дава задача да ја спаси и да го направи светот подобро место.

Spirited Away (2001)

Овој јапонски анимиран филм е дело на познатиот режисер Хајао Мијазаки. Дејството е сместено некаде во Јапонија, а главниот лик е мало девојче кое заедно со родителите, сосем случајно завршува во светот на духовите. Обидувајќи се да избега оттаму и да ги најде и спаси нејзините родители, малото девојче се соочува со секакви суштества и доживува разни авантури.

Иако ова е анимиран филм, неговата порака е многу подлабока – некои луѓе се убедени дека целиот филм е метафора и обид на режисерот да ја подигне свеста за проблемот со детската проституција.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg