Нема да можете да престанете со гледање: 7 лимитирани ТВ мини серии од 2020

Доколку не сте обожаватели на серии со премногу сезони и уште повеќе епизоди, „лекот“ за вас се лимитираните ТВ серии. Барем знаете дека набрзо ќе успеете да го видите крајот на серијата.

nema-da-mozhete-da-prestanete-so-gledanje-7-limitirani-tv-mini-serii-od-2020-001.jpg

За нетрпеливите, тука се овие 7 лимитирани ТВ серии од 2020 кои публиката ги обожава:

The Undoing

Грејс е психотерапевт која навидум има совршен живот, сопруг кој ја обожава и син кој го сака најмногу на светот. Животот на Грејс се превртува наопаку со неочекуван развој на настаните кои ја вклучуваат новата мајка во училиштето.

The Queen’s Gambit

Бет Хармон е сирак која крие неверојатен талент. Таа е надарена за шах. Толку многу што може очигледно да ги победи и најдобрите велемајстори во светски рамки. Но, нејзините зависности полека ѝ се испречуваат на патот кон успехот и славата.

https://www.youtube.com/watch?v=CDrieqwSdgI

Little Fires Everywhere

Шејкер Хајтс е совршеното, идилично место за живот, а семејството Ричардсон се како „од разгледница“. Со доаѓањето на Миа, уметница и нејзината ќерка Перл, животот на навидум совршеното семејство почнува полека да се распаѓа.

https://www.youtube.com/watch?v=JWGkX8ClhBI

The Outsider

Работена според познатата новела на Стивен Кинг, ТВ серијата опфаќа истрага која навидум се одвива непречено и едноставно, а води до свирепо убиство на мало момче.

Quiz

Чарлс Инграм, поранешен офицер во британската армија, освојува 1 милион фунти на популарниот ТВ квиз „Кој сака да биде милионер?“ Но, дали неговата победа е заслужена?

Stateless

Животите на бегалец од култ, доселеник, канцелариски работник и бирократ се испреплетуваат во центарот за имиграциски притвор.

Interrogation

Го следи распитот на млад човек кој е обвинет и на крајот осуден за бруталното убиство на неговата мајка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg