Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Играниот филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски награден на The Buddha International Film Festival

Охрид, 1. декември 2020 година, Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival. TBIFF е посветен на прикажување нови и иновативни филмови додека ја поттикнува следната генерација на филмаџии.

igraniot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-nagraden-na-the-buddha-international-film-festival-01.jpg

Фестивалот е силен поборник за социјални промени и ја охрабрува културната разновидност и разбирање меѓу народите. Се стреми да ја поттикне филмската уметност на сите континенти стимулирајќи го развојот на квалитетно кино и промовирајќи одлични филмови, со големи вредности од целиот свет.

igraniot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-nagraden-na-the-buddha-international-film-festival-02.jpg

Ова е четврта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festivalв во категоријата играни филмови.

Светската промоција на „Дедо и внук“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина. Директорот на фотографија, Патру Паунеску има освоено уште две награди за најдобар Директор на фотографија - Кинематографер.

igraniot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-nagraden-na-the-buddha-international-film-festival-04.jpg

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други. Монтажер е Данчо Стефков, композитор Оливер Тевчев, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Владимир Зафирковски. Продуцент на филмот е Огнен Антов. Зад продукцијата на филмот стои „Pandora’s Box“, продукција од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

igraniot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-nagraden-na-the-buddha-international-film-festival-03.jpg

igraniot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-nagraden-na-the-buddha-international-film-festival-05.jpg

igraniot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-nagraden-na-the-buddha-international-film-festival-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Ен Хатавеј, Хит Леџер – познати актери кои добија Оскар за само неколку минути глума во филмот Ен Хатавеј освои Оскар за најдобра женска споредна улога со изведбата во Les Mis...
„Го гледав филмот Тома - ремек дело, емоција, не можам да се соземам, уште гуглам за него“ Совршен филм на кој сум плачела како никогаш досега – зошто не можам да престана...
Што мислат познатите личности за филмовите направени според нивните животи? Додека Џулијан Асанж отворено го критикуваше The Fifth Estate, Стивен Хокинг зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg