Марго Роби - уметничко лизгање: Актери кои изучија цела професија за потребите на филм

Бредли Купер учел да готви од професионален готвач, Роберт Де Ниро работел како таксист низ Њујорк, а Киану Ривс два месеца одел на часови по сурфање.

margo-robi-umetnichko-lizganje-akteri-koi-izuchija-cela-profesija-za-potrebite-na-film01.jpg

Актерите имаат можност да ја искусат секоја професија – некогаш глумат пилоти, некогаш научници, некогаш продавачи, некогаш музичари…

А, ако работата на ликот што го глумат е важна во дејството, тие се посветуваат до тој степен, што ја изучуваат целата професија или занает.

Погледнете кои актери и актерки изучиле цела професија за потребите на филм:

Бредли Купер – Burnt

Во филмот Burnt, Бредли Купер глуми готвач и ако сте го изгледале филмот, сигурно сте биле воодушевени од неговата изведба. За да се подготви за улогата, актерот цел месец тренирал со професионален готвач кој е сопственик на ресторан со Мишелин ѕвезда.

Иако актерот знаел да готви и претходно, тој изјави дека воопшто не му било лесно да ги совлада вештините потребни за филмот.

А, готвењето толку многу му се допаднало, што продолжил да ги применува техниките и во приватниот живот. Бредли сподели дека почнал да одгледува и мала градина за секогаш да има свеж зеленчук при рака кога готви.

margo-robi-umetnichko-lizganje-akteri-koi-izuchija-cela-profesija-za-potrebite-na-film-02.jpg

Адам Драјвер – Paterson

Адам Драјвер глуми поет и возач на автобус во филмот Paterson. Актерот самиот инсистирал да научи да вози градски автобус за снимањето да се одвива полесно и подобро да влезе во улогата.

Адам учел да вози автобус околу два месеци, а за целото искуство изјави:

„Возењето низ Њујорк и онака е тешко, а возењето автобус е вистински кошмар“.

margo-robi-umetnichko-lizganje-akteri-koi-izuchija-cela-profesija-za-potrebite-na-film-03.jpg

Киану Ривс – Point Break

Во Point Break главните улоги им припаѓаат на Киану Ривс, Лори Пети и Патрик Свејзи, а од нив само Свејзи имал искуство со сурфање.

Бидејќи главната тема во филмот е сурфањето, Киану Ривс заедно со двајцата колеги бил испратен на Хаваи, каде што учел да сурфа од професионалец.

Целата обука траела два месеци и сигурно не било воопшто лесно – Свејзи скршил четири ребра. Киану, пак, толку се вљубил во спортот, што продолжил да сурфа до денес.

margo-robi-umetnichko-lizganje-akteri-koi-izuchija-cela-profesija-za-potrebite-na-film-04.jpg

Роберт Де Ниро – Taxi Driver

Изведбата во Taxi Driver е една од најдобрите на де Ниро, а актерот многу се потрудил за тоа. За подобро да се соживее со улогата на таксист, Де Ниро извадил лиценца и навистина работел како таксист низ Њујорк, во период од еден месец.

Пред неколку години, во јавноста се појави и фотографија од неговата лиценца за таксист.

margo-robi-umetnichko-lizganje-akteri-koi-izuchija-cela-profesija-za-potrebite-na-film-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg